2010 is the international year of biodiversity.
The Pan-European Biodiversity picnic this year in Macedonia is organized by the Macedonian Ecological Society MES, UNDP, the Ministry of Environment and Physical Planning, and through the network of organizations for biodiversity conservation in the countries from Central and South Europe (CEEweb), www.ceeweb.org
The chain of presentations about the biodiversity values and fulfilling the obligations for EU membership, as well as the traditional picnic will take place on 5th June 2010, in the hotel Slavija at Popova Shapka.
The pan – European Biodiversity Picnic is a campaign for raising public awareness for the biodiversity in which there are several parties included. This campaign is supported by the United Nations Environment Protection (UNEP) – the regional Office for Europe and all the countries participants and users. Similar events as part of this Pan-European champagne were organized in 2008 and 2009 in Azerbaijan, Luxemburg, Germany, Moldova, Estonia, Romania, Serbia, Lithuania and Macedonia.
The idea for the Pan-European Biodiversity Picnic came from the discussion at the round table of the Users of Biodiversity, organized by mutual efforts through the Pan-European strategy for biological and regional diversity and the European ECO Forum of the Belgrade conference which took place in October 2007.
The Pan-European Biodiversity Picnic is aiming at:
– Raising political and public awareness for biodiversity by organizing different events on a national level for the International Biodiversity Day
– Enlarging the knowledge about benefits of biodiversity for human wellbeing
– Attracting different users and affected parties to nature conservation
– Raising the values and meaning of biodiversity in the global politics by promoting the Pan-European initiative by including more interested parties in the framework of the international events and the media.2010 година е прогласена за Меѓународна година на биолошката разновидност.
“Пан-Европскиот пикник за биолошка разновидност” оваа година во Македонија се организира од страна на Македонското еколошко друштво (МЕД), UNDP и Министерството за животна средина и просторно планирање, а преку мрежата на организации за зачувување на биолошката разновидност во земјите од Централна и Источна Европа – (CEEweb), www.ceeweb.org
Низата презентации на тема вредностите на биолошката разновидност и исполнување на обврските за членство во Европската унија, како и традиционалниот пикник ќе се одржат на о5 јуни 2010 година, во хотел Славија на Попова Шапка.
“Пан-Европскиот пикник за биолошка разновидност” е кампања за подигнување на јавната свест за зачувување на биолошката разновидност во која се вклучени повеќе засегнати страни. Истата е поддржана од Програмата на Обединетите Нации за Заштита на Животната Средина (UNEP) – Регионалната Канцеларија за Европа и од сите земји учеснички и корисници. Слични вакви настани во рамките на оваа Пан-Европска кампања беа организирани во текот на 2008 и 2009 година во Азербејџан, Луксембург, Германија, Молдавија, Естонија, Романија, Србија, Литванија и Македонија.
Идејата за организирање на “Пан-Европскиот пикник за биолошка разновидност” произлезе од дискусијата на тркалезната маса на Корисниците на биолошката разновидност организирана со здружени напори преку пан–Европската стратегија за биолошка и пределска разновидност и Европскиот ЕКО Форум на белградската конференција која се одржа во октомври 2007 година.
“Пан-Европскиот пикник за биолошка разновидност” има за цел:
– Да го подигне нивото на политичката и јавната свест за биолошката разновидност преку организирање различни настани на национално ниво за Меѓународниот ден на биолошката разновидност;
– Да го продлабочи познавањето за придобивките на биолошката разновидност за благосостојбата на човештвото;
– Да привлече различни корисници и засегнати страни за зачувување на природата;
– Да го подигне значењето на биолошката разновидност во глобалните политики преку промовирање на Пан-Европската иницијатива со вклучување на повеќе заинтересирани страни во рамките на меѓународните настани и во медиумите.