Во рамките на проектот Поврзување на луѓето со природата МЕД го одбележа 18 мај, меѓународен ден за заштита на растенијата или познат како Plants Fascination Day. Неколку земји од светот го одбележуваат овој ден со разни настани преку кои го потенцираат значењето на дивите растенија. Доста од настаните се објавени на специјално отворената веб страна за одбележување на овој ден http://fascinationofplantsday.org

Нашиот начин за одбележување на овој ден се состоеше од посета на три значајни растителни подрачја (ЗРП), каде вршевме мониторинг на растенија. На овој мониторинг за почетници, присутни беа ученици од локални средни и основни училишта, професори и волонтери. Преку посета на неколку локалитети, на учениците им беа претставени основните правила за мониторирање на растенија. Во ЗРП „Богданци“ сите беа воодушевени бидејќи за првпат го видоа едно од најретките растенијаво Македонија – Astragalus physocalyx. Во ЗРП „Илинска Планина“ направивме попис на дивите растенија што ги набљудувавме во влажните ливади покрај Црна Река, додека во ЗРП „Преспанско Езеро“ се запознавме со некои видови растенија што ги има во Паркот на природа „Езерани“.

 

Start typing and press Enter to search