Во период од 06-10 октомври беше спроведена обука за целите и спроведувањето на Натура 2000. Предавачи на обуката беа Матјаж Хармел и Рената Розман од невладината организација ЗаВита од Словенија, а истата беше имплементирана од Македонското еколошко друштво. Предмет на анализа, како потенцијално Натура 2000 подрачје, беше земено Белчишко Блато.
Обуката беше поделена на теоретски дел и теренски активности по денови. И тоа:
– 1 ден: Запознавање со Директивите за станишта и птици,
– 2 ден: Приготвување листа на хабитати и видови,
– 3 ден: Критериуми и евалуација на истражуваното подрачје,
– 4 ден: Пополнување на формулари (Standard data form),
– 5 ден: Заклучоци и препораки за работа.
Во текот на обуката, учесниците врз основа на досегашните истражувања во подрачјето како и реализираните теренски активности, беа запознаени со растителниот и животинскиот диверзитет на Белчишко Блато. Собирањето на податоци беше потенцирано како една од најважните активности кон пристапување на подготовка на формуларите за подрачјата со општа важност (sites of Community importance-SCI). Собраните податоци беа споредувани согласно анексите 1 и 2 од Директивите за птици и станишта за да се определи важноста на подрачјето врз основа на веќе предложени критериуми. Формуларите за подрачјата со општа важност беа пополнувани според собраните податоци и поставените европски критериуми.
Главни заклучоци и препораки од обуката кои ќе бидат корисни за понатамошната работа беа: собирање на податоци од терен за живеалиштата и биолошката разновидност, достапност на податоците, тимска-експертска работа, обуки на тимовите за работа и информирање на населението за Натура 2000.
In a period between 06-10 October 2014, Natura 2000 training programme was conducted in collaboration with Matjaz Harmel and Renata Rozman from ZaVita NGO from Slovenia. The training was implemented by Macedonian Ecological Society (MES). The proposed study area as future Natura 2000 site was Belchishko Blato.
The training was divided into desk and field work:
– 1st day: Habitats and Bird Directive,
– 2nd day: List of Habitat types and species,
– 3rd day: Criteria and site assessment,
– 4th day: Standard data forms,
– 5th day: Conclusions and future work.
During the training process the participants were familiar with the flora and fauna data based on already conducted field activities. Moreover, data were collected throughout the training. Data collection was stressed as one of the most important activity during the process of Natura 2000 designated sites. Sufficient data collection was base for preparation of SCI forms (Sites of Community Importance). The collected data from the area was compared with the data in Annex 1 and 2 from Bird and Habitat Directive in order to determinate importance of the proposed Natura 2000 site. The SCI forms were filling out in accordance with the collected data.
The conclusions and future recommendations were related with: data collection, data availability, team work, experts gathering, training for experts and popularisation of Natura 2000 designated areas among the local people.