На 23ти ноември, во Скопје беше одржан состанок на членовите на Координативното тело во рамките на проектот Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас, на кој беше презентирана предлог студијата за прогласување на заштитено подрачје на Осогово. На состанокот беа присутни преставници од Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, Министерството за економија на РМ, ЈП „Македонски шуми“, два концесионера, гости од Фармахем, градоначалникот на Општината Кратово, претставник од Општина Кочани и секако, членови на МЕД. Сите присутни позитивно ја прифатија предлог студијата и се сложија истата да биде доставена до Министерството за животна средина и просторно планирање, до средината на декември.
Минатиот викенд се одржа експертски состанок во Ќустендил – Бугарија, на кој експертските тимови на МЕД и Бугарската фондација за биоразнообразие – ББФ, ја дефинираа прелиминарната листа на целни видови на Осоговските Планини, кои понатаму ќе бидат користени за дефинирање на мерките за заштита во идниот план за управување или ќе послужат како мониторинг видови.
[