Три тима составени од вработени во МЕД и волонтери оваа година ја имаа една од најпредизвикувачките задачи да ги набљудуваат и пребројат водните птици за зимскиот цензус во вистински зимски услови; од ветрови на југоисток до снег и дожд на југозапад. Сепак лошите временски услови и постојаните ниски температури не ги спречија тимовите да ја завршат својата работа и да забележат над 20.000 водни птици на различни водни површини – природни езера, акумулации, мочуришта и реки.
Зимскиот цензус на водни птици кој седма година по ред го спроведува МЕД е дел од Меѓународниот зимски цензус на водни птици кој оваа година се спроведе по педесетти пат. Овој цензус е витален извор на информации за зачувувањето на водни површини и водни птици низ целиот свет, тој е една од најважните светски програми за мониторинг. Затоа ова година е значајно да ги славиме достигнувањата на едно глобално партнерство, многубројните локални организации и сите волонтери кои континуирано собираат информации за 871 вид на водни птици.
Three teams of MES employees and volunteers had one of the most challenging tasks this winter – collecting data on water birds for the IWC in true winter conditions; from high winds in the Southeast to rain and snow in the Southwest. However, bad weather conditions and constantly low temperatures did not prevent the teams from completing their task and observing over 20.000 birds on different wetland habitats; natural lakes, accumulations, bogs and marshes.
The MES conducted the local water bird count for the seventh consecutive year as part of the IWC which marks its 50th anniversary this year. This census is a vital source of information for the conservation of wetlands and water birds all over the world, and as such is one of the most important global monitoring programs. Thus, in 2016 we celebrate the achievements of a remarkable global partnership, many local organizations and all volunteers who have continued to collect data on 871 species of birds.