Trilateral ministerial meeting on Popova Shapka
The ministries of environment of Macedonia, Albania and Kosovo together with representatives from UNEP (Vienna office) and German foundation EuroNatur as well as other local and national stakeholders gathered on a meeting that took place on Popova Shapka on 7 November, 2013. This is a second meeting on the same topic –development of prospects for the proposed transboundary area “Sharr/Šar Planina – Korab – Dešat/Deshat” as a follow-up of the first trilateral stakeholder meeting held in Popova Shapka in November 2011.
According to the feasibility study published in 2010 by UNEP the proposed transboundary protected area (TBPA) “Sharr/Šar Planina – Korab – Dešat/Deshat” jointly identified by the representatives of the Governments in 2006 as one of the most important biodiversity hotspots in the region has the potential to become the largest protected area in SEE and one of the largest in Europe. Such desired development would mean a spectacular success for biodiversity conservation at the regional and European levels.
The main aim of this meeting is to bring the environmental ministers together and a wide range of stakeholders from the region of the proposed transboundary protected area; catalyze local partnerships; facilitate transboundary working contacts; review the jointly developed vision for the transboundary protected area “Sharr/Šar Planina – Korab” and identify funding opportunities for future local transboundary projects.
The meeting was organized by the Ministry of Environment and Physical Planning of the Republic of Macedonia in cooperation with the Macedonian Ecological Society, UNEP (Vienna Office) and EuroNatur – Germany.Министрите од регионот на трилатерален состанок на Попова Шапка
Министрите за животна средина на Македонија, Косово и Албанија, заедно со претставници од локалните власти во регионот, претставници на УНЕП канцеларијата од Виена и германската фондација Еуронатур в четврток на 7 ноември на Попова Шапка по вторпат ќе разговараат за идните развојни чекори во однос на предложеното прекугранично заштитено подрачје „Шар Планина – Кораб – Дешат“.
Предложениот состанок претставува продолжение на првиот трилатерален состанок на заинтересираните страни, одржан во 2011 година на истата локација по иницијатива на УНЕП канцеларијата во Виена. Според студијата за изводливост на УНЕП, објавена во 2010 година, предложеното прекугранично заштитено подрачје „Шар Планина – Кораб – Дешат“ има потенцијал да стане најголемото заштитено подрачје во регионот на Југоисточна Европа и едно од најголемите во Европа.
Покрај ова во текот на 2013 година организацијата Еуронатур од Германија во соработка со Македонско еколошко друштво и заинтересираните страни од овој регион, подигна нова иницијатива за креирање визија која ќе претставува темелник за иден развој на предложеното прекугранично заштитено подрачје „Шар Планина – Кораб“.
Овој трилатерален состанок по втор пат ќе ги обедини претставниците од Албанија, Македонија и Косово, со цел забрзување на соработката, олеснување на трилатералните комуникации и консултации меѓу заинтересираните страни, идентификација на соодветна заштита на природата и развој на заеднички приоритети за прекугранична соработка во регионот.
Во рамките на средбата ќе биде ревидиран и одобрен зеднички изготвениот документ – Визијата за предложеното прекугранично заштитено подрачје „Шар Планина – Кораб“, кој беше подготвен во 2013 година.
Средбата е под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, со поддршка на УНЕП канцеларијата од Виена и германската фондација Еуронатур во соработка со Македонското еколошко друштво.