Претставници од невладините организации МЕД, СПП и ППНЕА, како членови на мрежата за заштита на Преспа – ПреспаНет, се собраа на дводневен координативен состанок во Зрноско, Албанија. Целта на овој состанок беше да се престават реализираните активности на мрежата во изминатата година, но и да се договорат следните чекори. Во таа насока беа поставени и основите за креирање прекугранична стратегија за идното заедничко делување на трите страни. Креирањето на овој стратешки документ значи дека мрежата ќе работи на исполнување на предложената програма за работа преку исполнувањето на заедничките активности и иницијативи, понатамошна комуникација и координација, заеднички средби и размена на искуства, во насока на исполнување на зацртаната визија.
Согласно договорот, планирано е првата верзија на овој стратешки документ со акциски план и временска рамка, да биде изработен до крајот на 2014 година. Следната средба на членовите ќе се реализира во април, во македонскиот дел од преспанскиот регион.
Representatives of the three NGOs, MES, SPP and PPNEA, members of the last year’s established network for protection of Prespa – Prespa Net have assembled for a two-day coordination meeting in Zaroshke, Albania. The main aim of the meeting was to discuss about the jointly achieved results and activities in the past period and to define the following steps. In that direction, the basis for the creation of the further cross-border strategy of the three sides was established. The creation of this Prespa Net strategic document means that the network will work on the fulfillment of the proposed activities program thru fulfilling of joint activities and initiatives, continuing the communication and coordination, meetings and exchange of experiences in order to fulfill its vision.
As it was previously agreed, the draft document with an action plan and timeframe will be prepared by the end of 2014. The next meeting of the Prespa Net members will be organized in April, in the Macedonian part of Prespa region.