Центарот за култура „Кочо Рацин“ на градот Кичево одржа јавен настан во склоп на нивната програмата „Културно уметнички реформи – едно поинакво Кичево“. Јавниот настан беше на тема „Заштита на Балканскиот рис во Кичевскиот регион“ и се одржа на 24.12.2015 година. Присутните учесници беа главно претставници од ловечките организации од Кичево, ученици од средни и основни школи, како и заинтересирани граѓани. Документарното видео „Програма за закрепнување на балканскиот рис“ го отвори овој настан по што следуваше усна презентација на Диме Меловски за извонредната соработка која МЕД ја има со кичевското ловно друштво „Душегубица“ и соработката со волонтерите на МЕД. По оваа презентација дел од волонтерите и ловџиите имаа свои кратки излагања околу нивните согледувања за ситуацијата со балканскиот рис и нивното инволвирање во неговата заштита. Дискусијата која се отвори по овие излагања им овозможи на заинтересираните учесници да постават интересни прашања и коментари околу заканите за рисот и идните чекори во неговото закрепнување. На овој настан учествуваа околу деведесеттина заинтересирани граѓани, а настанот беше промовиран на локалните телевизии во Кичево и социјалните мрежи.The Cultural Center “Kocho Racin” from Kichevo organized a public event in the frame of their programme “Cultural and art reforms – a different kind of Kichevo”. This particular public event was dedicated to the protection of the Balkan lynx in the Kichevo area and was held on 24.12.2015. The participants that attended the event were mainly members of the local hunting organization, pupils from primary and secondary schools and other interested people. The new documentary video called “Balkan Lynx Recovery Programme” opened the event after which Dime Melovski presented and emphasized the excellent cooperation that MES has established with the hunting society “Dushegubica” and MES’s volunteers. After that, few volunteers, as well as a hunter from Dushegubica briefed the audience on their view towards the general protection of the Balkan lynx and their involvement in this process. A plenary discussion was open afterwards and the interested people had the chance to ask questions and comment on the main threats to the lynx and future steps towards its recovery. This event was attended by around 90 interested people and was promoted on the local televisions and the social networks.