Во рамките на 4 Конгрес на еколозите на Македонија се одржа и натпревар во детски цртежи на тема: Шумите – чувари на природата. Вкупно пристигнаа 289 цртежи од 15 основни училишта од државава. Од нив одбрани беа 40 цртежи, симболично, по повод 40 години од постоењето на Македонското еколошко друштво, од кои 4 се наградени, и тоа:
– Александра Николовска VIIIa ООУ „Мирче Ацев“ Скопје
– Ангела Костова VIII1 ООУ „Браќа Миладиновци“ Куманово
– Сара Јовановиќ VII2 ООУ „Браќа Миладиновци“ Куманово
– Тијана Додевска VII ОУ „Христијан Т. Карпош“ Општина Ранковце