Во последната сабота од месец март, МЕД во соработка со ЈПУЗПП Јасен организираше настан со кој го одбележа глобалното движење наречено Часот на планетата Земја. Имено, на три различни локации во заштитеното подрачје Јасен, МЕД одржа презентации на децата од основните училишта од општините Сопиште, Петровец и Македонски Брод.
Презентациите беа насочени кон запознавање на различни групи од флората, фауната и фунгијата на Македонија, како и нивните закани и мерки за заштита. Вкупно беа вклучени околу 70 деца од 5-то до 8-мо одделение и истите имаа задача да нацртаат цртежи од она што го научиле. Понатаму, цртежите ќе бидат презентирани на ликовна изложба која ќе ја организира ЈПУЗПП Јасен.
Часот на планетата земја е светско прифатено движење организирано од Светскиот фонд за природата (WWF). Настанот кој се одвива на годишно ниво опфаќа секакви групи на луѓе кои имаат задача да ги исклучат светлата од 20:30 до 21:30 на последната сабота од месец март со цел на симболичен начин да се посветат на планетата Земја и на заштедата на електрична енергија. Овој настан започна уште во 2007 година во градот Сиднеј, Австралија за да по само неколку годни се прошири во над 7000 градови во светот.On the last Saturday of March, MES in cooperation with PA Jasen, organized an event which marked the global movement called the Earth Hour. MES conducted presentations on three different locations in the protected area to the children from the primary schools of Sopishte, Petrovec and Makedonski Brod municipalities.
The presentations were directed towards introductions of different groups of flora, fauna and fungi in Macedonia, their threats and measures for protection. In total, around 70 kids from 5th to 8th grade were involved. Their task was to produce drawings inspired from what they have learned during the lectures. The drawings will then be exhibited in a drawing contest organized by Jasen.
The Earth Hour is a worldwide movement organized by the World Wide Fund for Nature (WWF). The event is held annually and encompasses massive mainstream communities with one task – to turn-off their lights from 08:30 pm to 09:30 pm on the last Saturday of March as a symbol of their commitment to the planet Earth. The event started in Sydney, Australia in 2007 and has now spread to more than 7000 cities across the globe.