Од 8 до 22 јули 2015 година се одржа 21та повеќедневна акција на Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ). Малешевските планини беа цел на овогодинешната акција на ИДСБ која беше потпомогната од страна на МЕД. Членови на МЕД имаа за задача да водат дел од секциите на ИДСБ, а со тоа да ги обучат младите биолози во методиките на работа и техниките на идентификација на видови. На пример, мамолошката секција имаше шанса да научи нешто повеќе околу методот на заловување на ситни цицачи, ехолоцирање на лилјаци и поставување и проверка на фото замки; ентомолошката секција се фокусираше на колекционирање, препарирање и идентификација на пеперутки, тврдокрилци и оси. За време не акцијата беа презентирани неколку презентации за заштита на балканскиот рис, фауната на водоземци и цицачи на Голем Град, диверзитетот на терестични полжави, како и филогенетски истражувања на еден род на скакулци. Теренските активности на ИДСБ не само што овозможуваат прибирање на релевантни материјали од областа на биодиверзитетот за Македонија, туку и помагаат студентите по биологија да се стекнат со теренско искуство и работа во природа.Biology Students’ Research Society (BSRS) has organized its 21st annual field trip from 8th till 22nd of July 2015. Maleshevski Planini Mts. were this year’s target of the field trip which was organized with the help of MES. MES’s members had the task to lead some of BSRS’s sections and introduce the species identification techniques and methodology of work to the young biologists. For instance, the members of the mammology section concentrate on the method of small mammals trapping, echolocation of bats and camera-trapping, while the entomology section focused on collection, preparation and identification of butterflies, coleopterans andwasps. During the stay, several presentations were given to the students featuring Balkan lynx conservation efforts, amphibians and reptiles of Golem Grad, diversity of land snails as well as phylogenetic research of one particular grasshopper genus.
BSRS’s field activities are not only contributing towards obtaining relevant biodiversity material for Macedonia, but also help biology students earn important field experience and work in nature.