Викендот на 4 и 5 октомври низ цела Европа беше одбележан како ден за набљудување птици и 40 земји од Европа и Централа Азија организираа настани на кој се набљудуваше фасцинантната миграција на 2,5 милиони птици кон јужните места на кои ќе презимат. Од Португалија до Казахстан и од Малта до Норвешка над 23.000 луѓе учествуваа на 895 настани на кои се славеше природата.
Во Македонија беа организирани два настана. Првиот беше теренско истражување на Катлановско блато кое е важна прелетна точка за преселните птици и на него учествуваа сите заинтересирани птичари. За време на теренското истражување беше забележана активна миграција на повеќе од илјада селски ластовички. Вториот настан беше организиран од волонтерите на МЕД и се одржа во Зоолошката градина во Скопје. Овој настан имаше забавни и едукативни активности за сите возрасти, од боенки и оригами работилници, преку игри и награди, набљудување на птици со двоглед и телескоп, до можноста да се разговара со орнитолози и да се научи повеќе за најзагрозените птици во Македонија.
Ваквите настани се прилика за организациите кои се посветени на зачувување на животната средина да ги охрабрат граѓаните од сите возрасти да се приклучат, да истражуваат и да уживаат во птиците. Птиците преселници се соочуваат со многу предизвици за нивниот опстанок, добри услови за размножување на север, безбедни водени површни за одмор на пат кон југ и поволни услови за презимување кај нас. Затоа нашиот фокус е кон зачувување на водните површини во Македонија и намалување на вознемирувањата на птиците преселници.
Галерија на фотографии од нашите настани има подолу.
Over the past weekend, in 40 countries in Europe and Central Asia, the public was invited by the national organizations of BirdLife International to observe the fascinating migration of 2,5 Million birds to their wintering areas in the South. From Portugal to Kazakhstan from Malta to Norway more than 23000 people took part in more than 895 events to watch this spectacle of nature.
In Macedonia we organized two events. The first event was bird-watching trip at Katlanovsko Blato which is an important stop-over site for migratory birds and many interested bird-watching enthusiasts attended. During the event the bird-watchers could observe the migration of over a thousand barn swallows. The second event was organized by the MES team of volunteers and was held at the Skopje Zoo. This was a public event which included many fun and educational activities for all ages: from coloring books and bird origami workshop, games and prizes, bird-watching tips on using binoculars and telescopes to the possibility to talk to ornithologists and learn more about the most threatened birds in Macedonia.
With these various events the nature conservation organizations encourage people of all ages to go out, observe, explore and enjoy birds. They were mainly focusing on biodiversity and the needs to protect it. To survive, the migratory birds need good breeding conditions in the North, safe stop-overs on the flyway and good conditions in the wintering areas. Which is why our focus locally is to conserve wetlands in Macedonia and diminish disturbances for migratory birds.