Што е Eurobirdwatch?
Насекаде низ Европа, во првиот викенд на октомври, години наназад, се одбележуваат денови на набљудување на птиците, организирани од Birdlife International. Ова е дел од World Birdwatch, глобална иницијатива, започната пред 10 години, чија цел е инволвација на што е можно повеќе луѓе во набљудување птици, на барем еден викенд во годината и собирање на што поголем број податоци од набљудувања.
Повеќе информации за ова на веб страната: www.vogelbescherming.nl/ebw09
Eurobirdwatch 2009 во Македонија
На 3-ти и 4-ти Октомври во Градскиот Парк, со почеток од 10 часот МЕД организира низа активности посветени на заштитата на птиците селици, како дел од Европското набљудување на птиците (Eurobirdwatch 2009). Целта на настанот е запознавање на луѓето со методите на набљудување на птиците и ширење на оваа пракса а се разбира и дружење и забава. Еве какви активности ќе има кај нас:
Пребројување на птиците во Градскиот Парк во Скопје
Ова ќе се случува во сабота наутро, најкасно со почеток во 10 часот. Во оваа акција ќе учествуваат членовите на орнитолошката секција на Македонското еколошко друштво а добредојдени се сите заинтересирани, кои сакаат да се приклучат, научат, присуствуваат.
Мониторинг на хранилиштето за мршојадци, Витачево, Кавадарци
Во сабота наутро, во Кавадараци, луѓето кои се заинтересирани ќе можат да им се придружат на орнитолозите кои вршат мониторинг на мршојадците на хранилиштето во с.Витачево.
Обука за набљудување и идентификување на птици
За време на Европските денови на набљудување на птиците ќе има дежурни орнитолози на штандот на МЕД во Градскиот Парк, задолжени за објаснување на методите за набљудување на птиците, како и нивно идентификување. И оваа, како и другите активности е отворена за сите.
Натпревар во набљудување на птици
Натпреварот ќе се одвива во Градскиот Парк. Учесниците, во тимови од двајца, ќе добијат мапа на паркот и патека по која треба да се движат и да набљудуваат и идентификуваат птици. Сите оние кои сакаат да се натпреваруваат ќе можат да ја проследат обуката за набљудување и идентификување на птици а ќе имаат и помош од членовите на орнитолошката секција на МЕД.
Пријавување на штандот на МЕД во Градскиот Парк на 3 Октомври, во сабота преку целиот ден и недела наутро.
Награди за најдобрите два тима:
Прва награда – посета на хранилиштето на мршојадци во Тиквешијата и прирачник за идентификација на птици”
Втора награда – посета на Зоолошката градина и Природнонаучниот музеј и прирачник за идентификација на птици”
Следење на ноќна миграција на птиците на дискот на месечината
Презентација на метод за броење на ноќни миграторни птици, преку набљудување на полната месечина, користејќи телескопи. Ова ќе може да го проследите на плоштадот Македонија, во сабота навечер.
Натпревар во знаење/квиз
Прашањата, секако, ќе бидат на тема птици.
Пријавување на штандот на МЕД во Градскиот Парк на 3 Октомври, сабота прку целиот ден и недела наутро.
Награди за најдобрите двајца:
Прва награда – посета на хранилиштето на мршојадци во Тиквешијата и прирачник за идентификација на птици”
Втора награда – посета на Зоолошката градина и Природнонаучниот музеј (за двајца)
Изложба на цртежи и фотографии на птици и избор на најдобри
Изложбата на цртежи и фотографии на птици ќе биде во недела а сите кои сакаат да ни ги донесат уметничките дела, ќе можат тоа да го направат во сабота, на штандот во Градскиот Парк, од 10:00 до 17:00 часот.
Изборот на најдобрите ќе го прави трочлена комисија, а наградите за првите две најдобри дела ќе бидат:
Прва награда – посета на хранилиштето на мршојадци во Тиквешијата и прирачник за идентификација на птици”
Втора награда – посета на Зоолошката градина и Природнонаучниот музеј (за двајца)