Во следните неколку недели, милиони птици ќе ја напуштат Европа за да презимат во Африка. Следењето на овој величествен годишен циклус е причина за одбележување на европските денови на набљудување птици во многу европски земји, во организација на BirdLife International. Темата на овогодинашниот настан се поклопува со одбележувањето на Меѓународната година на биолошката разновидност 2010, поради што посебен акцент е ставен на воочување на потребата и мерките за зачувување на разнообразието на птици на национално и интернационално ниво. Долгогодишната традиција на одбележување на овој настан придонела за набљудување на повеќе од 3 милиони птици на преселба од повеќе од 50000 учесници од цела Европа.
И оваа година, на 2 и 3 Октомври Македонско еколошко друштво и Зоолошка градина – Скопје се приклучуваат кон одбележување на овие денови заедно со организации од 27 земји од Европа. Програмата подразбира активно учество и соработка со секој посетител, прикажана подолу. Бидете дел од овој настан и придружете ни се во запознавањето со возбудливиот живот на птиците на 2 и 3 октомври, од 10-18 часот во Зоолошката градина во Скопје.
ПРОГРАМА
02.10.2010, Сабота
10:00 – 18:00 – Обука за набљудување и идентификување на птици
10:00 – 13:00 – Пребројување на птиците во Зоолошката градина
10:00 – 14:00 – Натпревар во знаење/квиз
10:00 – 18:00 – Изложба на цртежи и фотографии на птици
03.10.2010, Недела
10:00 – 18:00 – Обука за набљудување и идентификување на птици
10:00 – 13:00 – Пребројување на птиците во Зоолошката градина
10:00 – 14:00 – Натпревар во знаење/квиз
10:00 – 18:00 – Изложба на цртежи и фотографии на птици