Во рамки на проектот „Вода за езерата, блатата, изворите и луѓето на планината Јабланица”, при анализата на макроинвертебратните видовиво водните живеалишта, идентификуван е нов таксон од класата на гастроподните животни. Станува збор за видот Bythinella melovskii, идентификуван во мал извор во близина на Беличка река. Видовите од овој род, населуваат извори, а поретко се среќаваат во подземните води и длабоките зони на езерата. До сега, за земјите од Западен Балкан (Хрватска, Црна Гора и Србија), најдени се вкупно 12 видови од родот Bythinella, додека за Албанија и Македонија, еднинствен претставник за родот беше Bythinella drimica drimica (Radoman, 1976).

Објавениот труд може да биде превземен на следниов линк:

http://ecol-mne.com/wp-content/uploads/2014/09/Gl%C3%B6er_SlavevskaStamenkovic_EcolMont_22150-154.pdf

Слика 2-5. Bythinella melovskii n. sp. 2: холотип, 3: паратип, 4: пенис“in situ” од паратип, 5: пенис со тубуларни жлезди (паратип). Скратеници: e = сензитивно око (eyespot), p = пенис (penis), pa = додаток / слеп израсток на пенисот / машкиот копулаторен орган (penial appendix), s = краток, подвижен, испакнат дел на лицето на полжавот, на чиј преден крај се наоѓа устата. Нешто како усна трубичка, сурличка (snout), t = пипало. Појаснување: На главата има 1 пар на пипала. Во основата на секое пипало има по едно око (tentacle), tg = тубуларни жлезди – флагелум (tubular gland -flagellum).

Start typing and press Enter to search