Во периодот од 7ми-15ти август 2015 година се одржа Балканска одонатолошка средба (Balkan Odonatological Meeting – BOOM 2015) во Македонија. Околу 20 учесници од Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Холандија, Германија и Mакедонија беа дел од тимот. Ова е петта средба од ваков тип, во рамки на која се спроведуваат теренски истражувања, предавања и работилници за вилинските коњчиња. Затоа BOOM претставува можност за стекнување знаења и размена на искуства за вилинските коњчиња, што е важно за Балканските земји и особено за младите студенти. Досега вакви средби се оддржани во Словенија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Наодите кои се собираат при теренските истражувања претставува збогатување на сознанија за фауната на вилински коњчиња и нивно распространување на Балканот.
Во Македонија, теренските истражувања опфатија неистражени подрачја во централна Македонија околу кавадаречкиот и прилепскиот регион, Демиркаписката Клисура, Пелагонија и Мариово. При посетата беше потврдено присуството на некои значајни видови со ограничено распространување, како Caliaeshna microstigma и Lindenia tetraphylla, кои се покарактеристични за за јужниот дел од земјата. Белчишко Блато беше едно од целните подрачја за истражување каде се регистрирани 11 вида. Фауната на вилински коњчиња за Македонија брои 64 вида, што претставува скоро половина од европската фауна од оваа група. За време на петтата Балканска одонатолошка средба во Македонија беа регистрирани 43 видoви.
Средбата ја оранизираше Македонското еколошко друштво во соработка со Истражувачко друштво на студенти биолози и Словенечкото одонатолошко друштво.
In the period 7-15 of August, 2015 year, in Macedonia it was held the Balkan Odonatological Meeting – BOOM 2015. Round 20 participants from Slovenia, Bosnia and Herzegovina, Germany and Macedonia were part of this meeting. This was the fifth gathering of odonatologists that included joint field work, lectures and workshops related with dragonflies. Therefore BOOM was a great opportunity for acquiring knowledge and exchange of experience for dragonflies and damselflies, which is particularly important for the Balkan countries, as well as for the biology/ecology students. The data gathered through this meetings enriches the knowledge of the odonatan fauna and their distribution on the Balkans.
In Macedonia, the field work covered some unexplored areas in Central Macedonia: Kavadarci and Prilep region, Demir Kapia Gorge, Pelagonija and Mariovo. Through the collected data, the presence of some important species with limited distribution was confirmed, as Caliaeshna microstigma and Lindenia tetraphylla that are more specific for the southern part of the country. The Swamp – Belchishko Blato was one of the target areas for research where there were registered 11 species. The fauna of the dragonflies of Macedonia counts 64 species, which is almost half of the European fauna of this group of animals. During the fifth BOOM in Macedonia, there were registered 43 species.
The Meeting was organized by Macedonian Ecological Society in collaboration with the Biology Student’s Research Society and the Slovenian Odonatological Society.