Водните птици прелетуваат илјадници километри секоја година, за време на нивниот годишен миграторен циклус.
Во рамките на проектот за заштита на прелетните патишта на водните птици, на 2 ноември, 2013 година, беше спроведено есенско броење на водните птици на Преспанското езеро, каде беа изброени 24 450 единки од 18 видови водни птици. Најголемиот број од нив беа лиски (Fulica atra), потоа цуцлести нуркачи (Podiceps cristatus), црвеноврати нуркачи (Podiceps nigricollis), (Tachybaptus ruficollis) езерски (Larus ridibundus) и жолтоноги галеби (Larus cachinans), помал број големи (Phalacrocorax carbo) и мали корморани (Phalacrocorax pygmeus), неколку вида патки (Anas platyrhynchos, Anas clypeata, Aythya ferina, Aythya fuligula) и по само неколку единки од големиот северен нуркач (Mergus menganser), кадроглавиот пеликан (Pelecanus crispus), големите бели (Casmerodius albus) и сиви чапји (Ardea cinerea), барска кокошка (Rallus aquaticus) и зеленонога блатна кокошка (Gallinula chloropus).
Постојаното следење на популациите на водните птици е одговорност на секоја земја поединечно. Анализите од податоците собрани на пребројувањата за водни птици го овозможуваат дефинирањето на важни водни живеалишта, како и миграторни патишта на водните птици и потребите од нивна соодветна и навремена заштита.