Category: Зачувување на биолошката разновидност преку одржливо управување со ресурсите на Шар Планина

  • Final conference for the project “Biodiversity Conservation through Sustainable Management of Resources in Shar Mountain”

    Final conference for the project “Biodiversity Conservation through Sustainable Management of Resources in Shar Mountain”

    On 11 May, more than 80 participants from Macedonia and the Shar Mountain region took part in the final conference as part of the project of preserving the biodiversity on Shar Mountain. This project is led by the Macedonia Ecological Society since 2015 in collaboration with local organizations that are united under the name “Friends of Shara”

    The conference, named “Challenges facing the management of Shara’s environment in the future protected cross-boundary area Shara, Korab, Shari”, was able to unite the national and international organizations that work with resource management on the mountain. This also served as an opportunity for experts to bring up the threats that continue to exist in Shar Mountain.

    We are aware of the unsupervised and illegal hunting and the easy accessibility of illegal building projects on Shara (as well as on its higher landscape). This is why we urgently request that this area be protected. We hope that with stricter management there will be higher levels of regulation over the mountain range which, as reported by Prof. Ljupcho Melovski, PhD, from the Macedonian Ecological Society, is currently “degrading”.

    During the conference, the topic of forest fruit harvesting by the local population was discussed as well as future plans for its management once the area is proclaimed as a national park.

    “There are various fruits here such as blueberries and mountain tea. Nobody manages their harvesting thus they are not protected. In the case of a national park, this would be very different,” comments university professor Goshe Stefkov.

    Participating in the conference was Bashkim Ameti, the minister of environment, who remarked that the conference had advanced the process of officially proclaiming Shar Mountain a national park.

    “The official proclamation of Shar Mountain as a national park has existed in Macedonia’s urban planning for years and the Ministry has expressed its commitment on various occasions. With the project being funded by the UNEP and GEF, there have been preparations for future resource value studies concentrated on the natural resources found on Shar Mountain as well as additional documents in completing the process which would ultimately be finalised in two to three years,” reported Ameti.

    The project “Biodiversity Conservation through Sustainable Management of Resources in Shar Mountain” is financed by the German Federal Environmental Foundation (DBU) and implemented by MES together with the EuroNatur Foundation from Germany.

     

  • 83 отсто од локалното население сака Шар Планина да стане Национален парк

    83 отсто од локалното население сака Шар Планина да стане Национален парк

    83% од локалното население коешто живее во општините долж Шар Планина сака планината да биде прогласена за национален парк, ова е резултат од спроведеното истражување за утврдување на свесноста на населението во однос на прашањата поврзани со идното прогласување на Шар Планина за национален парк што Македонско еколошко друштво и платформата „Пријатели на Шара“ го спроведоа во 2015 година.

     –    Резултатите од ова истражување се навистина позитивни, конечно знаеме какво е мислењето на локалното население во однос на прогласувањето на Шар Планина за национален парк во руралните и урбаните средини во овој регион. Анализата на податоците покажа дека луѓето сметаат оти со идното заштитено подрачје не само што ќе се воведе поголема контрола врз ресурсите на планината, туку и дека тоа ќе донесе позитивни промени во однос на развојот на регионот, изјави Фросина Пандурска-Драмиќанин, раководител на проект во Македонско еколошко друштво.

    Истражувањето е спроведено во над 30 населени места во општините Јегуновце, Теарце, Тетово, Гостивар, Боговиње и Врапчиште на репрезентативен примерок од 410 испитаници на возраст од 18-60 години. Според членовите на платформата „Пријателите на Шара“ ова истражување потврди и еден од поголемите проблеми во однос на ресурсите на планината, а тоа е илегалната сеча.

     –    Во повеќе од прашањата, луѓето одговараа со загриженост во однос на користењето на шумите на Шар Планина. Според истражувањето дури 63% од испитаниците сметаат дека дрвата на Шара се користат прекумерно. A ставот дека генерално природата на планината не е заштитена е изнесен од 79% од испитаниците, изјави Александра Тимосиеска од Институтот за развој на заедницата од Тетово.

     Скоро сите испитаници одговориле дека Шар Планина има потенцијал за развој на туризмот, како фаворити се наведени зимскиот туризам 83%, планинскиот туризам 80% и рекративниот и спортски туризам кој е наведен од 71% од испитаниците. За жал, истражувањето покажа дека само 19% од испитаниците се свесни и запознаени за придобивките на екотуризмот.

    Иако ставот на населението е позитивен за Шар Планина да стане национален парк, информираноста за процесот околу нејзиното прогласување е ниска. На прашањето – Дали сте слушнале дека Шар Планина е предложена за заштитено подрачје? негативно одговориле дури 61%.

    Целиот извештај од истражувањето можете да го погледнете тука.

    Ова истражување е активност на проектот „Зачувување на биолошката разновидност преку одржливо управување на ресурсите на Шар Планина“ спроведуван од Македонско еколошко друштво и финансиран од Германската федерална агенција за животна средина DBU.

  • Шар Планина заслужува поголема заштита

    Шар Планина заслужува поголема заштита

    Платформата „Пријателите на Шара“ во соработка со Македонско еколошко друштво и Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа на 25 март во Општина Драгаш, Косово ја организираше конференцијата „Важноста  од прогласување на Шар Планина за национален парк во Македонија“ во срцето на Националниот Парк „Sharri”. На овој настан учествуваа седумдесет учесници од кои шеесетина беа од Македонија. Целта на оваа конференција беше да сесоздаде дијалог меѓу клучните чинители од регионот на Шара во Македонија и во Косово во однос на заштитата на ресурсите на Шар Планина како и да се презентираат придобивките од постоењето на Националниот Парк „Sharri“, кој што во Косово функционира од 1986 година.

    –    Луѓето на почеток од формирањето на паркот мислеа дека се што користат од планината ќе се забрани кога Шара ќе се прогласи за национален парк. Во суштина во националниот парк може да се користат ресурсите, но тоа е регулирано и контролирано од паркот. На пример мештаните ќе бидат задоволени со огревно дрво, ќе можат да ја напасуваат стоката, ќе може да се собираат шумски плодови, но во одредена количина. Со други зборови нема ригорозни забрани туку сè се сведува на умерен и контролиран начин на употреба на ресурсите на Шара, изјави директорот на Националниот Парк „Sharri”, Хазер Дана на конференцијата.

    На конференцијата учествуваа претставници од повеќето општини кои гравитираат кон Шар ПланинавоМакедонија и Косово,претставници од релевантните институции поврзани со заштитата на природата во двете земји, ловечки и планинарски друштва од регионот, претставници на невладини организации и локално население. Според учесниците од населените места на Шар Планина конференцијата беше корисна во однос на размена на информации меѓу двете земји.

    –    Штета е што немаме кој да се грижи за планината во Македонија, додека чекаме одлука од надлежните, Шара постојано се уништува, не сме против национален парк, но чекаме соодветни одговори од институциите поврзани со функционирањето на идниот парк, изјави еден од учесниците од Македонија на конференцијата.

    Платформата „Пријатели на Шара“ и Македонско еколошко друштво се надеваат дека процесот за прогласување на Шар Планина за национален парк ќе се случи наскоро и природата на планината ќе се заштитува соодветно.

    Oваа конференција е финансиски поддржанa од АБДА Програмата во рамки на проектот финансиран од Европската Унија – „Потикнување на регионалнатасоработка и рамномерен територијален развој на земјите од Западен Балкан во процесот кон ЕУ интеграција”,имплементиран од Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа и проектот „Зачувување на биолошката разновидност преку одржлива употреба на ресурсите на Шар Планина“ спроведуван од Македонско еколошко друштво и финансиран од Германската федерална агенција за животна средина DBU.

  • Промовирана платформата „Пријателите на Шара“

    На 26ти септември во Тетово се одржа промотивен настан за новоформираната платформа „Пријателите на Шара“ со настап на две музички групи од Тетово.

    Оваа неформална платформа е составена од здруженијата „Институтот за развој на заедницата“ од Тетово, „Планинарскиот клуб Љуботен“ од Тетово и „Центарот за едукација и развој“ од Теарце со цел поддршка на процесот за прогласување на Шар Планина за национален парк.

    „Со организациите коишто се нарекоа „Пријателите на Шара“ се обединивме во мисијата Шара да ја видиме како заштитено подрачје. Во следните две години „Пријателите на Шара“ ќе организираат едукативни настани на коишто ќе се зборува за придобивките што овој регион може да ги има доколку Шара се заштити.“, рече Фросина Пандурска –Драмиќанин, раководител на проект во МЕД.

    Платформата „Пријателите на Шара“ е од отворен тип и во неа може да се зачленат сите физички и правни лица кои би сакале Шар Планина во иднина да биде заштитено подрачје, рече Сретен Коцески од Институтот за развој на заедницата од Тетово.

    На промотивниот настан учествуваа граѓани, активисти и невладини организации од регионот. Публиката уживаше во настапот на „High Control“и „Këpurdhat“од Тетово. Во рамки на настанот се делеа промотивни материјали, а беа потпишани и над 30 пристапници за членство во платформата.

    Активностите на платформата „Пријателите на Шара“ се поддржани од проектот „Зачувување на биолошката разновидност преку одржливо управување со ресурсите на Шар Планина“ којшто го спроведува Македонско еколошко друштвосо финансиска поддршка на Фондацијата Еуронатур и Германската федерална агенција за животна средина (DBU).

  • Шар Планина заслужува да биде национален парк но локалното население треба соодветно да се информира за бенефитите од идно заштитено подрачје

    Шар Планина заслужува да биде национален парк но локалното население треба соодветно да се информира за бенефитите од идно заштитено подрачје

    Македонското еколошко друштво во соработка со Институтот за развој на заедницата од Тетово организираше трибина по повод повторно актуелната иницијатива за прогласување на Шар Планина за национален парк на тема „Зошто Шар Планина заслужува да биде национален парк?“. Оваа трибина беше одржана во рамки на компонентата за заштитени подрачја од тековниот проект Програма за закрепнување на балканскиот рис.

    –  Македонија, според препораките од меѓународните конвенции, се има обврзано дека процентот на заштитени подрачја во земјава ќе го зголеми. Иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк постои долго време. Иако на политичко ниво има исчекор сепак процесот мора да се одвива паралелно и на локално ниво. Локалното население треба да се запознае со вистинските информации но и да разбере дека националниот парк може да донесе бенефит и развој во регионот, изјави Љубчо Меловски, универзитетски професор и член на МЕД.

    Според Тиз Гертц од Германската фондација Еуронатур, поддршката на невладините организации од регионот кои работат на полето на заштита на природата и промовирање на природните вредности на Шар Планина ќе продолжи и понатаму.

    На трибината присуствуваа педесетина учесници, главно членови на невладини организации и претставници од шесте општини кои гравитираат на Шар Планина. Трибината почна со презентации за бенефитите околу тоа што значи да постои заштитено подрачје во регионот, природните вредности кои ги поседува Шар Планина и сите реализирани активности на МЕД за заштита на овој планински масив. На трибината беше претставена и листа на вкупно 43 локални организации, планинарски друштва и индивидуалци коишто позитивно одговориле на анкетата дали во изминатите 15 години работеле на проекти и активности поврзани со промовирање на природните вредности на Шар Планина и заштитата на природата.

    На дебатата учесниците имаа шанса да постават прашања и да ги изнесат потенцијалните проблеми со кои се соочува природата на Шара. Заклучок од оваа средба е дека локалното население не е доволно информирано за предностите кои ги нуди едно заштитено подрачје. Учесниците се сложија дека вакви слични дебати треба да се организираат со присуство на жители од селата на Шара со цел да се запознаат со целиот процес на прогласување на национален парк, неговиот бенефит и евентуалните ограничувања.