Category: Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија

  • Прв промотивен настан на Значајното растително подрачје Осогово

    Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со неколку општини од подножјето на Осогово (Чешиново-Облешево, Кочани и Пробиштип) и локални здруженија на граѓани од пределот  го спроведуваат проектот Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија.

    Во склоп на проектот, МЕД во соработка со горенаведените институции и организации ќе спроведе 3 настани. Првиот настан ќе биде во ко-организација со општината Чешиново-Облешево и ќе обедини повеќе засегнати субјекти како, претставници од општините, планинари, велосипедисти, собирачи на лековити билки, медопроизведувачи, изработувачи на традиционални украси од волна, кои како инспирација ги користат растенијата од Осогово.

    Токму затоа, овој настан ќе биде од отворен карактер, каде разни посетители ќе можат во текот на денот, меѓу другото, да се запознаат и со дивите растенија кои со години се користат од страна на народот од Осоговијата. Настанот ќе биде оплеменет со неколку штандови: штанд за локална традиционална храна со информации за растенијата кои се користени за подготовка на истата, штанд за едукација од страна на МЕД, каде посетителите ќе се информираат за проектот и значајните растенија на Осогово, штанд за традиционални украси изработени од филц со мотиви од цвеќиња, штанд за производителите на мед, каде ќе има информации за растенијата кои најчесто ги користат при пашата на пчелите.

    На настанот поддршка ќе му дадат и групата на локални планинари и велосипедисти, кои ќе стигнат до местото на настанот преку постоечките планинарски и велосипедски патеки.

    Медиумската покриеност ќе биде овозможена од локални телевизиски куќи.

    Овој настан кој ќе биде од помасовен карактер ќе има и огромна улога за информирање на сите присутни засегнати страни на кој начин можат да се вклучат во проектот и кој би бил нивниот бенефит.

    EU+PL+MES logo

  • Воведен состанок и прва работилница по проектот: Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија

    Воведен состанок и прва работилница по проектот: Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија

    Македонското еколошко друштво од Скопје во соработка со Plantlife International, од Велика Британија започна со реализација на ИПА проект со наслов „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија“.

    Rabotilnica

    Главната цел на проектот е вклучување на македонските граѓани како волонтери за заштита на природата; преземање акции кои би придонеле кон имплементација на ЕУ регулативите за зачувување на мрежата Натура 2000.

     Целта на воведниот состанок беше запознавање на партнерите со проектот воопшто и со предвидените детални активности како и техники за работење со волонтерите (регрутурање и задржување), подобрување на комуникацијата, споделување на идеи за настани и активности. Средбата беше искористена и за меѓусебно запознавање на сите учесници од партнерските организации.

    Проектот ќе се спроведува до август 2015 година со активности во подрачјата: Осогово, Шар Планина, Илинска-Плакенска Планина и НП Пелистер.

    Проектот е финансиран од Европската Унија – EuropeAid и кофинансиран од PlantLife.

    EU+PL+MES logo

  • Значајните растителни подрачја во Македонија се навистина значајни!

    Три значајни растителни подрачја од Македонија беа тема за изработка на промотивни материјали, кои воедно се крајниот резултат во рамките на проектот „Поврзување на луѓето и природата-вмрежување на значајните растителни подрачја (IPAnet)“. Покрај националните изданија, изработено еи регионално издание од страна координаторот на проектот – Plantlife, во кој учествуваа пет европски земји.

    Повеќе информации ќе најдете на: http://www.plantlife.org.uk/international/wild_plants/natural_networks_for_places_and_people/

  • Проект за промовирање на Значајните растителни подрачја во Македонија

    Како продолжение на проектот „Идентификација и заштита на значајните растителни подрачја (ЗРП) во Македонија“, кој МЕД го спроведуваше во периодот од 2007 до 2009 година, од февруари, 2012 година со времетраење од една година започнува проектот „Поврзување на луѓето и природата-вмрежување на значајните растителни подрачја“. Идејата на проектот е да се формира т.н. ЗРП мрежа (IPAnet) која би опфаќала по три ЗРП од Македонија, Бугарија, Романија, Холандија и Англија. Преку организирање разни настани, кои пред сè ќе бидат одговорност на волонтери и организации во рамките на избраните ЗРП, значително ќе се придонесе кон промовирање на ваквите подрачја и потенцирање на нивното значење. Во Македонија има вкупно 42 идентификувани ЗРП. Како и во останатите земји кои учествуваат во формирањето на ЗРП мрежата, избрани се три подрачја од Македонија за потребите на овој проект, и тоа: Пелистер, Пехчево – Јудови Ливади и Шар Планина.

    Мотото на оваа иницијатива е: Да го направиме тоа за природата!

    Имајќи во предвид дека активностите на овој проект во најголем дел се засноваат на воспоставување мрежа на волонтери, добредојдени се сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од овој проект. За повеќе информации можете лично да нè посетите во канцеларијата на Македонското еколошко друштво или да се обратите кај:

    Наталија Ангелова

    angelova@mes.org.mk