Author: admin

  • Уште 10 нови платфoрми за царските орли од Овче Поле!

    По втор пат годинава, МЕД во соработка со МЕПСО поставија 10 платформи за гнездење за царските орли (Aquila heliaca) во Овче Поле. Овој пат платформите беа поставени по високонапонските далеководи од 400 kV, на линијата Штип – Пробиштип, поконкретно на потегот Чардаклија – Стрмош, кои се наменети да послужат како замена за природните гнезда кои орлите ги градат на високонапонските далеководи.

    На вториот ден од поставувањето на платформите за гнездење присуствуваа многу локални и национални медиуми, со што активноста доби национална покриеност од најзначајните национални печатени и електронски медиуми.

     

  • Трибина на тема „Деградација на реката Треска и нејзините притоки – закани и предизвици“, септември 2012

    Трибина на тема „Деградација на реката Треска и нејзините притоки – закани и предизвици“, септември 2012

    На 24 септември, во ОУ „Владимир Полежиновски” во Кичево, се одржа трибина на тема „Деградација на реката Треска и нејзините притоки – закани и предизвици”. Организатор на трибината беше здружението на граѓани Брждани 2010 како дел од предвидените активности на проектот „Заштита на автохтоната македонска пастрмка (Salmo macedonicus) во горниот тек на реката Треска”.

    Трибината имаше за цел да ја подигне јавната свест кај локалните чинители за заштита на животната средина и биодиверзитетот на хидросистемот Треска. На трибината учествуваа повеќе од 100 слушатели во кои имаше и претставници од ЕЛС, МВР, МОН, инспекторати, дирекции, јавни претпријатија, бизнис заедницата, НВОа, медиуми итн. За време на трибината, беше презентирана моменталната алармантна состојба со реката Треска, со посебен осврт на загрозениот автохтон вид македонска пастрмка, како и улогата на образованието во подигнувањето на јавната свест за заштитата на природата. По презентациите беше развиена дискусија во која од слушателите беа побарани акции на надлежните институции за почитување на законот и санкционирање на сите оние кои го нарушуваат екосистемот на Треска и нејзините притоки од аспект на загадувањето со хемикалии, фекалии и цврст отпад, како и против рибокрадството, енормното зафаќање на водите за време за летниот период и нестручните градежни зафати во речните корита. За време на трибината беше изложена и фото изложба за состојбите и негативните еколошки влијанија врз екосистемот  на Треска. Оваа изложба му беше предадена во трајно владение на училиштето, со цел за понатамошна едукација на младата популација од целиот Кичевски регион.

     

  • Популаризација на проектот „Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас“ на локално ниво

    Македонското еколошко друштво учествуваше на настанот (црковен собир) во Св. „Пантелејмон“,  с. Пантелеј – Кочани.

    Во атарот на манастирот беше поставен панел за Осогово, каде заинтересираните посетителите имаа можност преку непосредни разговори со претставниците од МЕД да добијат повеќе информации за вредностите на Осогово и иницијативата за воспоставување на заштитено подрачје на Осогово.

    Поделени беа и промотивни материјали изработени преку проектот. Настанот беше масовно посетен од локалното население и од  клучни локални авторитети меѓу кои и градоначалникот на општината. Црковниот одбор и брегалничката епархија ја препознаа активноста како клучна за презентирање на традиционалните и културните вредности на Осогово и ја поддржаа вклученоста на општината во насока на промоција на регионот под капата на заштитено подрачје.

  • Осоговскиот регион презентиран на саем на регионите од југоисточна Европа (ЕКСПО 2012)

    Претставници од Македонското еколошко друштво учествуваа на ЕКСПО 2012 – Радовиш, саем на регионите од југоисточна Европа, кој се оддржа во Радовиш,  од  7-9 јули 2012 година. За време на панел форумот за „Култура, соработка и туризам во југоисточна Европа “ како дел од саемот, од страна на МЕД беа презентирани природните и културните вредности на осоговскиот регион како основа за развој на туризмот во рамки на иницијативата за воспоставување на заштитено подрачје на Осоговските Планини.

    Од присутните беше пројавен интерес за начинот на поврзувањето на природните со културните вредности за промоција и конкретниот модел кој е користен при дефинирање на потенцијалите за воспоставување на заштитено подрачје на Осогово.

  • Волонтерите од Битола запознаа дел од растенијата на Пелистер

    Волонтерите од Битола запознаа дел од растенијата на Пелистер

    Дваесетина волонтери од Битола на 23 мај учествуваа на настанот Колку ги познавам растенијата на Пелистер“ организиран од МЕД и Младинскиот културен центар од Битола. Целта на настанот беше преку интерактивни игри и кратко предавање за флористичкото богатство на националниот парк „Пелистер“, младите да се запознаат со дел од растенијата кои се значајни за планината Баба.

    Оваа активност заврши со прошетка по шумската патека од Голема Ливада до планинарскиот дом Копанки, каде учесниците имаа прилика да ги видат растенијата со кои се запознаа за време на предавањата и интерактивните игри.

  • Одржан состанок по повод овогодинешните теренски истражувања за проектот за разумно користење на природните ресурси во Западен Балкан

    Mакедонското еколошко друштво организираше планирачки состанок по повод овогодинешните теренски истражувања во рамки на проектот за разумно користење на природните ресурси во Западен Балкан од 07 до 11 мај во Скопје.

    Целта на состанокот беше јасно дефинирање на методите и техниките за теренските истражувања кои треба да се направат летово во сите четири земји каде што се спроведува проектот „Улогата на природните ресурси во одржливото рурално живеење во Западен Балкан. Распределба и состојба на недостатоците и придобивките“.

    Во Македонија во следниот период се очекува да се спроведат 20 до 50 анкети за начинот на собирање и употребата на лековитите растенија, шумските плодови и печурките во неколку села во Западна Македонија, како и 10-ина квалитативни интервјуа со целно локално население. Анкетите и интервјуата ќе се спроведуваат на македонски и албански јазик.

    Слична задача ќе имаат и колегите од невладината организација за заштита на животната средина во Албанија PPNEA, кои ќе спроведуваат анкети и интервјуа во неколку општини во северниот дел на Албанија.

    Претставниците од Американскиот Универзитет од Косово AUK, годинешното истражување ќе го насочат кон теми поврзани со креирање на политики и услуги кои ги добиваат планинските села од страна на три косовски општини. Целта е да се истражи задоволството и довербата на населението кон локалната самоуправа како и можните конфликти кои постојат меѓу институциите и локалното население од планинските села.

    Активностите во Хрватска во рамки на овој проект ќе продолжат со истражувања насочени кон ловот и екотуризмот, анкетите и интервјуата ќе ги спроведуваат претставници од Факултетот за Ветеринарна медицина од Загреб.

  • This Year’s Activities to Capture Lynx in the Jablanica, Bistra and Stogovo Mts. Concluded

    The Balkan lynx team of MES, with the help of several dedicated volunteers, carried out activities for capturing lynx in the Jablanica, Bistra and Stogovo Mts. in the period from 26–30 April 2012. The operation also took place in 2010 and 2011, as part of the project Status, ecology and land tenure system of the critically endangered Balkan lynx Lynx lynx martinoi in Macedonia and Albania. Much like in 2010 and 2011, the team’s aim was to capture lynx to which they can put a GPS/GSM collar and in that way monitor it using radio telemetry method. All this would result in liable data for the biology and ecology of the Balkan lynx.

    There were 3 box traps in total set during the effort to capture lynx, one at each mountain. The team was in constant search for lynx prey by making transects and talking to the locals. In addition, special foot traps were used for this aim. During the research, the box traps were activated three times, but, unfortunately, not a single lynx was captured.

    Activities using box traps took place simultaneously in the region of Jasen, as well as on the territory of the Dushegubica hunting ground, managed by PE “Macedonian Forests”, the subsidiary of Lopushnik-Kichevo, where the second Balkan lynx Riste was captured in March 2012. Field activities in this area are to continue in the following months as well.

  • МЕД заедно со ПК „Љуботен“ на традиционално кампување на Лешница

    МЕД заедно со ПК „Љуботен“ на традиционално кампување на Лешница

    Планинарите од планинарското друштво Љуботен од Тетово и по трет пат волонтираа во рамките на проектот за промовирање на значајните растителни подрачја во Македонија. Околу дваесетина волонтери на 3 и 4 август 2012 година, учествуваа во акцијата за маркирање и чистење на една од патеките која во иднина ќе биде промовирана како една од неколкуте флористички патеки на Шара.

    Настанот заврши на 5 август со пречекување на останатите планинари и вљубеници во природа на местото на кампување. Тие имаа прилика да се прошетаат по ново маркираната и очистена патека и да ужуваат во убавините што ги нуди Лешница.

  • Царските орли од Овче Поле добија 10 платформи за гнездење!

    Во периодот 4-8 јуни, МЕД и МЕПСО поставија 10 платформи за гнездење за царските орли (Aquila heliaca) во Овче Поле. Платформите се поставени по високонапонските далеководи од 400 kV, на линијата Скопје 4 – Дуброво, поконкретно на потегот Сојаклари – Караслари, кои се наменети да послужат како замена за природните гнезда кои орлите ги градат на високонапонските далеководи. По серија консултативни состаноци помеѓу членовите на тимот од проектот „Процена на заканите за птиците во две значајни подрачја за птици во Македонија“ и вработените во Подружница Операторна преносна мрежа, Сектор Далеководи при АД МЕПСО, заеднички беа дефинирани дизајнот на платформите за гнездење и датумот за поставување на истите.

    На првиот ден од поставувањето на платформите за гнездење присуствуваше и заменик генралниот директор на МЕПСО, г-н Крсто Мукоски. Исто така, активноста беше добро покриена од најзначајните национални печатени и електронски медиуми.

     

  • Одржан состанок на Координативното тело за управување со процесот на прогласување на заштитено подрачје на Осогово

    На 18.05.2012 година, во Скопје, се оддржа состанок на Координативното тело за управување со процесот на прогласување на заштитено подрачје на Осогово. Целта на состанокот беше да се дефинира единствен модел на управувачко тело на предлог заштитеното подрачје на Осогово и детално да се рагледаат  ставовите по однос на  изработената студија за финансиска импликација за  Управувачкото тело.