Како што наближува работилницата на која 10 македонски едукатори ќе се обучуваат да користат современи интерактивни образовни материјали сакаме да ви ја најавиме и мобилната апликација преку која најмладите ќе можат да научат повеќе за миграцијата на птиците.

Преку проектот „Природата овозможува подобар живот“ финансиран од Полската агенција за Еразмус+ во кој ние сме партнери ќе се организира обука за 5 наставници од основи училишта и 5 воспитувачи градинка кои ќе бидат првите едукатори од Македонија кои ќе ги добијат новите материјали. Образовните материјали се подготвени од страна на Универзитетот во Гдањск и тие претставуваат можност за дополнување на наставата. Материјалите се направени така да им го олеснат на едукаторите приближувањето на природата до учениците. Од игри кои се играат до природа, до натпревари за собирање на податоци за природата, преку задачи и мобилна апликација, овие материјали ги претставуваат најсовремените пристапи за едукација во природа или преку природа.

Start typing and press Enter to search