Category: Развој на капацитети за заштита на преселните патишта на птиците во Медитеранот

  • Модровраните добија бесплатни домови!

    Модровраните добија бесплатни домови!

    МЕД и ЕВН Македонија поставија куќарки за гнездење за модроврани, пилот активност со цел да се зголемат можностите за гнездење на овој егзотичен вид.

    Модровраните имаат ограничен ареал на распространување во Македонија – најчесто се среќаваат во централните, источните и североисточните делови од земјата. Специфични се бидејќи гнездат во дупки во дрвја, но лесно прифаќаат гнездечки структури кои се безбедни и поставени во нивното типишно живеалиште.

    Овој вид гнезди покасно во гнездечката сезона и ги очекуваме да се појават во нивните живеалишта до крајот на април.

    А ние нестрпливо ќе чекаме нивото доаѓање!

    rollers and nestboxes

  • Пребројувањето на птици презимувачки за 2017 во Македонија заврши

    Пребројувањето на птици презимувачки за 2017 во Македонија заврши

    Меѓународното пребројување птици во Македонија се спроведе во два викенда.
    На 14-15 јануари се избројаа птиците на Преспанско и Охридско езеро, во вкупен број од 27000 и 9500 единки птици соодветно.
    Наредниот викенд 21-22 јануари се избројаа птиците на Дојранско езеро (избројани околу 6100 единки) и неколку стотини на други влажни станишта и акумулации во регионот.
    Временските услови беа предизвик, особено на Дојранско езеро кое беше потполно заледено, со десетина отвори во мразот.
    Новинарски прилози за броењето на птиците на Дојранското езеро кој се снимаше за време на броењето може да погледнете тука
    https://www.youtube.com/watch?v=KS7ysR4iCDo&feature=youtu.be
    и тука
    http://sitel.com.mk/na-smrznatoto-dojransko-ezero-ovaa-zima…

    Меѓународното пребројување птицие мониториинг програма која се спроведува во 143 земји низ светот (од 4 различни регионални шеми кои ги претставуваат најголемите светски прелетни патишта за птици) при што се собираат податоци за бројките на водни птици на различни водни тела. Сите монитроинг активноссти ги координира Wetlands International.

    IMG_20170114_142057 IMG_20170114_130554 DSCN4476 DSCN4629

  • Тренинг за изработка на карта на сензитивност на птици и енергетска инфраструктура на Македонија – за што таа служи?

    Тренинг за изработка на карта на сензитивност на птици и енергетска инфраструктура на Македонија – за што таа служи?

    Енергетската инфраструктура во Македонија и сите стратешки документи поврзани со енергетика никогаш не ја вклучиле компонентата на дивиот свет (особено птиците) при дефинирање на одржливи енергетски пракси и инфраструктура.

    Тренингот за изработка на карта на сензитивност на птици и енергетска инфраструктура ја има токму таа цел – да ги собере сите релевантни чинители од енергетскиот сектори и секторот за заштита на природата (особено птиците) во Македонија и да даде преглед на енергетската инфраструктура и популациите на птиците истовремено. Во оваа прва фаза од тренингот, од клучно значење беше сите чинители да се соберат и дискутираа за можните конфликти помеѓу енергетската инфраструктура (постоечка и планирана)и птиците кои се склони на интеракција со таа инфраструктура (претежно птици со лебдечки лет, голем распон ан крила и ограниќена маневрабилност).

    Во оваа фаза, сите ќнители ги разгледаа доставените документи и се согласија дека создавањето на ваква карта ќе биде од голема полза при дефинирање на стратешки и развојни документи и политики за енергетскиот сектор и при дефинирање на шемите на мониторинг на целните видови птици од страна на организациите еза зачувување на птиците.

    Тренингот беше организиран во склоп на проектот “Развој на капацитетите за зачувување на прелетните патишта за птици долж Медитеранот – втора фаза”, подржана од BirdLife International и фондацијата MAVA.

    Дел од учесниците на тренингот

  • Training for identification of bird species and their migratory patterns

    The Mountaineering Club “Bigla – Ilinica” organized their final activity as a part of their microgrant “Falling in Love with Birds” financed by the project “Capacity Building For Flyway Conservation in the Mediterranean”.

    The two-day activity consisted of workshops with participants from their own club (the youngest members of the mountain hiking club) – in and outside the classroom – by identifying bird species and learning about their migration.

    By visiting the Belche wetlands, participants had a chance to learn how to use binoculars and develop their birdwatching skills – by identifying differences in physical form, sound, colour, habitat and particular behaviour.

    Following afterwards was learning the taxonomic differences of the species through memory and association-based games. Additionally, with the goal to understand bird migration, participants played a game called “Bird Migration and its Challenges”.

    Finally, there was great interest expressed by almost all participants in having similar events organised within the future, which would include different taxonomic groups.

  • Спроведени кампови за следење на миграција на птиците на Дојранско езеро и на Илинска Планина

    Спроведени кампови за следење на миграција на птиците на Дојранско езеро и на Илинска Планина

    Во периодот од 24-27 август и 10-13 септември годинава се одржаа два кампа за следење на миграција на птиците на Св. Илија, Илинска Планина и над Ачикот на Дојранско езеро, соодветно.

    Dojran migration camp

    Dojran migration campНа кампот учествуваа волонтери на МЕД чија задача беше непрекинато да набљудуваат птици кои мигрираат назад кон своите зимски престојувалишта. Од двата кампа беа забележани неколку случаи на миграција на птиците, но без поголем интензитет и бројност.

    Оваа активност, годинава беше вклучена како активност во склоп на проектот Развој на капацитети за зачувување на преселните патишта за птици долж Медитеранот – фаза 2, поддржан од фондацијата MAVA и BirdLife International.

  • Камп за следење на миграција на птици

    Камп за следење на миграција на птици

    По четврт пат МЕД организира камп за следење на миграција на птици. Камповите ќе се одржат од средината на август до почетокот на септември на Илинска Планина и Дојран. Кампот ќе се организира во три наврати и ќе трае 4 дена. Откако, ќе ги прочитате деталите подолу ПРИЈАВЕТЕ СЕ!

    *ПРОМЕНЕТ Е ДАТУМОТ ЗА КАМПТ ВО ДОЈРАН! (10-13 СЕПТЕМВРИ 2015)

    Kamp za migracija 3

  • Белиот нуркач (Mergellus albellus) е птица на годинешниот цензус на водни птици!

    Белиот нуркач (Mergellus albellus) е птица на годинешниот цензус на водни птици!

    Белиот нуркач (Mergellus albellus) е избран за птица на зимскиот цензус на водни птици, организиран од тим на  на професионалци и волонтери на МЕД, којшто се одржа на 17 и 18 јануари. За време на цензусот беа избројани над 40 000 птици од 34 различни видови на 7 локалитети. Се броеше на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, на акумулациите Мантово (кај Радовиш) и Младост (кај Велес), браната Паљурци и блатото Ѓол близу селото Богородица (гевгелиско).

    Белиот нуркач, Mergellus albellus како добитник на титулата птица на зимскиот цензус ќе биде официјалната маскота на следните активности поврзани со птици на МЕД во 2015 година.

    Покрај собирањето на научни податоци, целта на зимскиот цензус е да ја зајакне и прошири групата волонтери кои се заинтересирани за проучување и набљудување на птици. Годинава на зимскиот цензус учествуваа дванаесет волонтери кои се запознаа со зимските преселни видови птици.

    Броењето на птици се врши од претходно одредени локалитети (водни екосистеми кои птиците преселници ги користат за време на нивната преселба), со помош на двогледи и телескопи. На секој воден екосистем се одбираат локалитети кои овозможуваат што поголема покриеност на водната површина каде се врши набљудувањето.

    „Работењето на терен за време на зимскиот цензус е секогаш предизвик поради променливите и неповолни климатски услови – ладно време, снегови, мраз, или како оваа година, дожд. Сепак, ако видливоста над езерските води е добра, работата мора да продолжи бидејќи нашиот тим работи во координација со тимовите од Грција и Албанија и сите зависиме едни од други за да добиеме добри податоци. Наша голема предност беше тоа што имавме сериозни и посветени волонтери, па цензусот успешно се спроведе.“ – изјави Ксенија Путилин од МЕД.

    „ Стандардната методологија на зимскиот цензус подразбира придржување кон претходно дефинирани време, период од годината и локации на истражување и броење. Ова е од клучно значење со цел цензусот да има научна (статистичка) важност, т.е. преку евиденција на зимските птици преселници и нивната бројност долж нивните преселни патишта се дефинираат трендовите на нивните популации. Дефинирање тренд на популацијата на некој вид бара долгогодишно набљудување и собирање податоци. Сите флуктуации во трендовите на популациите на видовите се показатели за некакви промени (достапност на храна, промени во живеалиштата, загадување на животна средина итн.) рефлектирани преку бројноста на набљудуваните видови птици. Што поголема покриеност на водните екосистеми на територија на Македонија, толку порепрезентативни се нашите податоци. Оттука, улогата на волонтерите кои се вклучени во цензусот е навистина значајна.“ – изјави Данка Узунова, национален координатор на зимскиот цензус за Македонија.

    Зимскиот цензус на водни птици (IWC – International Waterfowl Census) е меѓународна активност координирана од Wetlands International и Конвенцијата за преселни видови(Convention of Migratory Species – CMS) иThe African-Eurasian Migratory Waterbird Agreement (AEWA) се спроведува од 1967 година на повеќе од 25.000 локации во повеќе од 100 држави. Во секоја држава националните координатори соработуваат со мрежа на професионални и аматерски бројачи. Повеќе од  15.000 луѓе годишно испраќаат податоци и затоа цензусот претставува пример за граѓански активизам во научни цели со најголем број учесници.

    Впечатоци на дел од волонтерите на зимскиот цензус:

    „Многу добро си поминав на цензусот, се изненадив колку видови на птици може да се видат во само два дена. Навистина би сакал да учествувам повторно и догодина.“ – Никола

    “За мене ова беше одлична можност да се запознаам со начинот на спроведување на еколошки мониторинг и да научам нови нешта.“ –  Андреј

    „Иако веќе четврти пат учествувам на овој цензус, секоја година е поинаква и посебна. Секогаш има многу интересни птици, а јас секоја година поуспешно ги препознавам.“ – Бисера.

    „Воодушевен сум од цензусот, навистина имаше што да се види. Среќен сум што имав можност да се запознаам и да се дружам со нови  луѓе.“- Горан

    PicMonkey Collage

  • Клучни закани за птиците преселници во Медитеранот – размена на искуства

    Во Никозија минатата недела под покровителство на BirdLife Кипар се одржа работилница на која земјите кои се дел од Медитеранските прелетни патишта разменуваа искуства за намалувањето и елиминирањето на заканите за птиците преселници. Оваа работилница произлегува од работата на заедничкиот проект за Градење на капацитети за зачувување на прелетните патишта на Медитеранот на осум земји (Турција, Либан, Кипар, Малта, Македонија, Црна Гора, Мароко и Тунис).  Работилницата обедини и други медитерански земји кои се соочуваат со слични предизвици, како: Шпанија, Португалија, Либија, Египет и Албанија. Сите учесници ја потврдија својата заложба за понатамошно учество во иницијативата и договорија конкретни чекори на меѓународно ниво со кои ќе се зголеми поддршката за безбедни прелетни патишта. Работилницата беше организирана од страна на BirdLife International, светска партнерска организација која има глобален пристап за да овозможи резултати со долготрајно позитивно влијание врз природата и луѓето.

     

    Проектот Градење на капацитети за зачувување на прелетните патишта на Медитеранот е финансиран од Фондацијата MAVA

  • Птиците и ветерните електрани – преглед на домашните и странските искуства и идни насоки за меѓусекторска соработка

    Македонско еколошко друштво (МЕД) ја презема иницијативата ја организирање на работилница на која по втор пат се сретнаа заинтересираните страни во областа на развој на обновливи енергии и нивното влијание врз биолошката разновидност, а најмногу врз птиците. Работилницата се одржа на 15 април во Скопје. Целта на оваа работилница беше размената на искуства од оваа област на сите заинтересирани страни и разгледување на можностите за одржување на понатамошна комуникација во прилог на успешни енергетски проекти и зачувување на биолошката разновидност.

    Следејќи ја агендата на работилницата презентации одржаа Иван Трпески од Секторот за развој и инвестиции на ЕЛЕМ и Стојчо Стојчев од Бугарското друштво за заштита на птиците/BirdLife Бугарија. Г. Трпески го презентираше локалното искуство со процесот на изградба на првиот парк на ветерници во Македонија  (Развој на енергијата на ветер во Македонија –искуство на ЕЛЕМ, преку преглед на студија на случај (Богданци). Додека, Г. Стојчев презентираше искуства од изградбата на паркови на ветерници во Бугарија и нивното влијание врз птиците (Развој на енергијата на ветер во Бугарија и нивните влијанија кон зачувувањето на птиците).

    – Оваа работилница беше особено драгоцена можност да дискутираме заеднички за корисноста и потенцијалните предизвици од развивањето на ветерната енергија во Македонија, без ваквите средби нашата соработка би била непотребно отежната. Се надевам дека ќе најдеме начин на кој ќе останеме во постојан контакт, изјави Ксенија Путилин еден од организаторите на работилницата.

    Времето за дискусија беше искористено за дополнителни прашања и коментари кои ги засегале сите заинтересирани страни а претходно ја немале можноста одговорите да ги добијат директно од изворите. Благодарение на позитивната атмосфера дискусијата отвори и нови можности за соработка, како на пример, можноста за заеднички мониторинг на веќе изградениот парк на ветерници во Богданци.

    Оваа работилница беше одржана во рамките на проектот Развој на капацитети за заштита на преселните патишта на птиците во Медитеранот која МЕД ја спроведува во соработка со BirdLife International и Фондацијата МАВА.

  • Одржана работилницата „Птиците и ветерните електрани“

    Како дел од проектот Развој на капацитетите за заштита на преселните патишта на птиците во Медитеранот, на 10 декември се одржа работилницата со наслов „Птиците и ветерните електрани“ на која беа поканети и присуствуваа претставниците од еколошки друштва, друштва за заштита на птиците и природата, друштва на љубители на птици, како и претставниците од ресорните министерства и нивните органи, инвеситори и агенции за изработка студии за оценки на влијание врз животна средина во инвестициски проекти.

    На работилницата се презентираа следниве теми: Анализа на оценките на влијанијата на фармите за ветер врз животната средина, Законска рамка и стратешки документи за изграба на ветерни електрани, Студија на случај – резултати од теренско истражување на Д-р Методија Велевски од МЕД;  Ветерни електрани и птици – глобални и регионални искуства на стручниот соработник Томаж Јанчар од Друштвото за заштита и проучување на птици од Словенија. Сите презентации може да се превземат од тука.

    За време на работилницата се развија дискусии на повеќе теми како што се расположливите податоци за состојбата на птиците во Македонија и како ветерниците влијаат врз нив, како и енергетската стратегија на Македонија и долгорочните потреби за опсежни теренски истражувања на кои би се базирале студиите за оцена на влијанието на ветерните електрани врз животната средина.