Category: Проценка на заканите за птици и мерки за нивно зачувување во две предлог значајни подрачја за птици во Македонија

  • Уште 10 нови платфoрми за царските орли од Овче Поле!

    По втор пат годинава, МЕД во соработка со МЕПСО поставија 10 платформи за гнездење за царските орли (Aquila heliaca) во Овче Поле. Овој пат платформите беа поставени по високонапонските далеководи од 400 kV, на линијата Штип – Пробиштип, поконкретно на потегот Чардаклија – Стрмош, кои се наменети да послужат како замена за природните гнезда кои орлите ги градат на високонапонските далеководи.

    На вториот ден од поставувањето на платформите за гнездење присуствуваа многу локални и национални медиуми, со што активноста доби национална покриеност од најзначајните национални печатени и електронски медиуми.

     

  • Царските орли од Овче Поле добија 10 платформи за гнездење!

    Во периодот 4-8 јуни, МЕД и МЕПСО поставија 10 платформи за гнездење за царските орли (Aquila heliaca) во Овче Поле. Платформите се поставени по високонапонските далеководи од 400 kV, на линијата Скопје 4 – Дуброво, поконкретно на потегот Сојаклари – Караслари, кои се наменети да послужат како замена за природните гнезда кои орлите ги градат на високонапонските далеководи. По серија консултативни состаноци помеѓу членовите на тимот од проектот „Процена на заканите за птиците во две значајни подрачја за птици во Македонија“ и вработените во Подружница Операторна преносна мрежа, Сектор Далеководи при АД МЕПСО, заеднички беа дефинирани дизајнот на платформите за гнездење и датумот за поставување на истите.

    На првиот ден од поставувањето на платформите за гнездење присуствуваше и заменик генралниот директор на МЕПСО, г-н Крсто Мукоски. Исто така, активноста беше добро покриена од најзначајните национални печатени и електронски медиуми.

     

  • Проценка на заканите за птици во две значајни подрачја за птици во Македонија

    Проценка на заканите за птици во две значајни подрачја за птици во Македонија

    Како дел од проектот „Проценка на заканите за птици во две значајни подрачја за птици во Македонија“ во месец март се одржаа 3 предавања во основните училишта од Овче Поле (с. Горобинци, с. Лозово и с. Ерџелија) со цел најмладите од регионот да се запознаат со биологијата и екологијата на белоноктата ветрушка (Falco naumanni) и потребата да се постават куќички за овој вид. На предавањата, учениците учествуваа во склопување и обележување на куќичките. Исто така, дел од куќичките беа склопени со студентите од Здружението на студенти на Шумарски факултет – ДРЕН.

    На 6 различни локации се поставија 69 куќички, за кои се надеваме дека ќе послужат за својата цел – нови гнезда за белоноктата ветрушка.

    Паралелно со поставувањето на куќичките се изврши и проценка на гнездечката состојба на царскиот орел во Овче Поле при што крајниот исход е 14 гнездечки локации – од нив 12 се стари локации, едно е ново гнездо и една променета гнездечка локација. Еден негативен резултат забележан на терен беа две мртви млади птици од царскиот орел, од кои едната е жртва на електрокуцијa.