Month: July 2014

  • Објавена новата Црвена листа на загрозени видови птици на IUCN

    IUCN logo Црвената листа на загрозени видови на IUCN сега има 361 нови видови на птици кои претходно се сметале за подвидови. Нивниот статус го оцени BirdLife International и дојде до загрижувачкиот заклучок дека над 25% од овие новопризнаени видови на птици се оценети како загрозени според Црвената листа на IUCN, со што тие стануваат итни приоритети за зачувување.

    Така на пример, досега се препознаваше само еден вид на ној и тој беше оценет како незасегнат. Но, сомалискиот ној Struthiomolybdophanes, кој може да се најде во Сомалија, Етиопија, Џибути и Кенија, сега се препознава како одделен вид и се смета за ранлив. Се смета дека неговата популација е во рапидно опаѓање поради лов, собирање на јајца и убивање. Неговиот статус може да се влоши доколку не се преземат активности за зачувување.

    Сомалиски ној (Peter Steward)
    Сомалиски ној (Peter Steward)

    „Овој вид ја истакнува потребата за подобро познавање на светските птици и потребата за конзервациски мерки во некои од најнепристапните места на Земјата“, изјави Анди Сајмс, Директорот за видови на птици на BirdLife.   Првиот дел од таксономско дефинирање беше фокусиран на птици грабливки, морски птици, водни птици и бувови и сега се знае дека постојат 4,472 вида т.е. се забележува дека претходните класификации на птици ја потцениле разновидноста на птичји видови за повеќе од 10%. Вториот дел ќе биде фокусиран на песнопојни птици.

    Новите критериуми за квалификување на видови на птици носат и дополнителна прецизност која ќе обелодени кои места се најзначајни за птиците, природата и луѓето- места на планетава кои итно треба да се заштитат и зачуваат.   Покрај оценувањето на состојбата на новопризнатите видови на птици, Црвената листа на 2014 дополнително го разгледува и статусот на познатите видови на птици. Благодарение на успешните конзервациски мерки, брадестиот мршојадец се враќа во Европа но на глобално ниво неговата популација се намалува заради труење, нарушување на живеалиштата и судирите со далекуводи, поради тоа неговиот статус е променет од незасегнат во скоро загрозен.

    „Црвената листа е од критично значење не само за идентификацијата на видови на кои им се потребни насочени активности за заштита туку и за фокусирање на конзервациските активности низ светот преку идентификацијата на клучни подрачја и живеалишта кои треба да се зачуваат, вклучувајќи ги Значајните подрачја за птици и биолошка разновидност“, изјави Бачарт. „Новата Црвена листа за птици од 2014 година ќе ни помогне да ги поставиме приоритетите за идни конзервациски мерки.“

  • Повик за еколошки летен тренинг камп

    Еколошки камп за студенти од 24-30 август 2014г. во НП Јабланица-Шебеник во Албанија

    Македонско еколошко друштво во рамки на проектот „Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник, преку активна вклученост на локалното население“ организира еколошки летен тренинг камп во Националниот Парк Јабланица-Шебеник во Албанија од 24-30 август 2014 година.

    Целта на кампот е учесниците да научат нешто повеќе за одржливото користење на природните ресурси, да се запознаат со природните и културни вредности на Националниот Парк Јабланица-Шебеник и да научат дел од  основните истражувачки методи. Предност при учество ќе имаат студенти по биологија и екологија, членови на еколошки невладини организации и претставници на планинарски друштва од јабланичкиот регион, односто од Општините  Струга и Вевчани.

    Се охрабруваат на кампот да се пријават и студенти кои не се од овие општини. Вкупниот број на учесници е ограничен на 30 студенти, од кои 15 од Македонија и 15 од Албанија. Сите трошоци за учесниците ќе бидат покриени од Македонско еколошко друштво. Краен рок за пријавување е 11 Август, 2014 година. Пополни апликација

     Проектот „Подобрување на прекуграничната заштита и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник преку активна вклученост на локалното население“ е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка со Албанија на Европската Унија

  • Спроведена обука за сертификација на шуми во Ќустендил

    Македонското еколошко друштво заедно со партнерите од Бугарија, Бугарската фондација за биоразнообразие, во рамките на Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас организираше обука за сертификација, зачувување, одржливо искористување и управување со шумите во Ќустандил, на која присуствуваа дваесетина учесници од двете држави од шумските стопанства, ЈП Македонски шуми, Шумарските факултети од Скопје и Софија, Дирекцијата за управување со горите на Бугарија, додека претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го откажаа своето присуство. Во текот на обуката експертите за сертификација на шумите од Бугарија го презентираа концептот за шумска сертификација, основните придобивки од примената на инструментот, шемите и стандардите во сертификацијата (по PEFC и FSC), како и самиот процес на сертификација и контрола. Основната идеја на обуката беше да се претстават придобивките од одржливото стопанисување со шумите со цел подоцнежно спроведување на стандардите.