Проблематика на проектот

Проблематиката на предлог-проектите треба да ги поддржи целите на повикот кој го објавува Македонско еколошко друштво:

  • да се развијат национални еколошки капацитети за истражување и заштита,
  • да се крене јавната еколошка свест и
  • да се придонесе кон еколошката наука на национално ниво.

Предност имаат проекти кои се занимаваат со истражување на биолошката разновидност, но и проекти од областа на заштита на животната средина и кревање на јавната свест. Согласно стратешкиот план на МЕД (2020-2024) организацијата се залага да работи интензивно на неколку широки проблематики и да придонесе кон нивно решавање за доброто на луѓето и природата. Оттука, ги охрабруваме апликантите да инвестираат во слични проблематики. Проекти чија главна цел е печатење на книги/брошури или набавка на опрема нема да бидат финансирани.

 

Квалитет на предлог проектот

Квалитетот на предлог проектот ќе биде оценуван според:

  • дефинираност на главната цел на проектот (хипотези и прашања),
  • дефинираност и остварливост на активности,
  • диверзитет во категории и нивна остварливост,
  • очекувани резултати,
  • стручниот стил на пишување.

 

Раководител на проектот

Раководителот на проектот треба да биде млад истражувач (до 26 или до 30 години за мали, односно средни грантови) со или без (само мали грантови) искуство во проблематиката на проектот. Значајно е учеството на раководителот во други проекти, размена на студенти, учество во студентски истражувачки акции, екошколи, објавени трудови, учество на научни и стручни собири и сл. За малите грантови особено е важен менторот, односно одговорната личност за водење на раководителот низ истражувачкиот процес. Раководителот на среден грант пак, покрај пронаоѓање на ментор, треба успешно да има спроведено мал грант од оваа програма или да достави потврда за успешно спроведен проект сличен по обем на мал грант.

 

Членови на проектниот тим

Бројот, возраста и искуството на членовите на проектниот тим се важни критериуми при оценувањето. Предност имаат проекти чии тимови се составени од млади истражувачи, активни во истражувачки студентски и ученички здруженија или активни членови на Македонското еколошко друштво. Максимален број на останати членови во тимот е два (не броејќи ги раководителот и менторот).

 

Временска рамка, буџет на проектот и договор

Временската рамка треба да биде логична и јасно да ја прикажува динамиката на реализирање на активностите за постигнување на главната цел на проектот. За време на изведувањето на проектните активности мора да се адаптираме на сите непредвидени ситуации, па така неретко настануваат промени во временската рамка, но секогаш се обидуваме да бидеме конзистентни.

Буџетот на проектот мора да биде реален и јасно прикажан по предвидените активности. Финансирање од дополнителни извори е возможно, но не е неопходно. Проектите и нивните буџети не треба да предвидуваат исплати по договор на дело, односно хонорари. Секоја набавка повисока од 10% (мал грант) или 5% (среден грант) од вкупниот износ на грантот треба биде одобрена од координаторот на програмата (преку писмена комуникација).

Урнек за временската рамка и буџетот може да најдете овде. Внатре се наоѓаат детални информации за пополнувањето на буџетот – следете ги коментарите.

Целосната сума се исплаќа на рати, од кои последната рата од 10% се исплаќа по успешна реализација на проектот – за времетраењето на проектот овие средства се очекува раководителот да ги обезбеди сам. Сите поединости за реализација на проектот и добивањето на одобрените средства се наоѓаат во договорот кој успешните апликанти ќе треба да го потпишат со МЕД. Содржината на договорот е дадена во Урнек.

 

 

Износ за грант: До:

  • 73 000 денари (мал грант)
  • 183 000 денари (среден грант)
Кој може да аплицира: Млади истражувачи, на 31.01.2024 не постари од:

  • 26 години (мал грант)
  • 30 години (среден грант)
Процес на селекција на поднесените предлог проекти: Изборот ќе се одвива во следните чекори и временски рокови:

  • Краен рок за поднесување на предлог проектите:
    • Мал грант 01.03.2024 на полноќ
    • Среден грант 15.03.2024 на полноќ
  • Оценувањето на предлог проектите најчесто трае околу една недела по која се познати проектите кои успешно ја прошле првата фаза и продолжуваат во фазата на консултација со научната комисија и координаторот. Конечната одлука зависи од процесот на финализирање на предлозите согласно можните сугестии од научната комисија (потреба од дообјаснувања, промени во буџетот, итн.) и варира помеѓу кандидатите.
  • Состанок помеѓу координаторот на програмата и одбраните раководители ќе се одржи во заеднички избран термин, во канцеларијата на МЕД.
Имплементација и времетраење на проектите: Проектите треба да се реализираат:

  • во тек на максимум 9 (девет) месеци, почнувајќи од март/април и заклучно со 30ти ноември 2024 година (мал грант).
  • во тек на максимум 21 (дваесет и еден) месец, почнувајќи од март/април и заклучно со 30ти ноември 2024 година (среден грант).
Извештај за напредок на проектот и исплата на одобрени средства По одобрувањето, 50% од одобрените финансиски средства ќе се исплатат на почетотокот од реализацијата на проектот;

  • Мал грант: прелиминарен финансиски и наративен извештај не подоцна од 15.09.2024 со барање за исплата на втората рата (40%). Доколку е потребна порана исплата на дел од втората рата, раководителот треба да поднесе финансиски извештај со барање за средства (најрано во јули). Втората рата може да биде исплатена на два рати – секогаш мора да биде проследена со финансиски извештај и соодветно барање за исплата.
  • Среден грант: прв прелиминарен финансиски и наративен извештај не подоцна од 15.01.2025 по чие прифаќање следи исплата на втората рата (40%) – можна исплата на две рати, зависно од финансискиот извештај.

Последните 10% се исплаќаат по прифаќањето на завршните извештаи.

Напомена: се очекува добитниците на грант последните 10% да ги обезбедат од сопствени/други извори и да ги искористат за целосно реализирање на предвидените активности. Истите треба да бидат вклучени во финансискиот извештај. Не е дозволено да се приложат докази за финансирање на проектот (сметки, фактури и др.) со датум надвор од предвидениот почеток и крај на проектот (дефинирани во договорот).

Завршен извештај Завршниот извештај по проектот (наративен и финансиски) треба да биде поднесен најдоцна до 30.11.2024 година (мал грант) и 30.11.2025 година (среден грант).
Завршен настан
  • Мал грант: По поднесување, рецензија и финализирање на завршните извештаи, на почетокот на 2025та е предвиден завршен настан каде преку куси презентации раководителите ќе ги презентираат финалните извештаи од проектите.
  • Среден грант: По поднесување, рецензија и финализирање на завршните извештаи, на почетокот на 2026та е предвиден завршен настан каде преку куси презентации раководителите ќе ги презентираат финалните извештаи од проектите.

Симнете ги следните три формулари кои треба да ги пополните и испратите на arsovski@mes.ogr.mk, заедно со Вашите CV-а, CV-ата на членовите на тимот и CV-то на менторот.

Формулар 1
Формулар 2
Формулар 3

 

Start typing and press Enter to search