Флора на Македонија

Oд почеток на месец мај започна реализирање на проектот ,,Утврдување на хабитати според директивата на живеалишта во СП ,,Маркови Кули” и проценка на конзерваторскиот статус”. Во рамките на овој проект до крај на месец јули со теренски истражувања е покриена целата територија на Споменикот на природа ,,Маркови Кули”. При овие истражувања правени се вегетациски снимки при што е направен комплетен флористички попис и колекциониран е растителен материјал.

Технички обработен и детерминиран примерок

Материјалот е техничи обработен и подготвен за следната фаза – детерминација до ниво на вид или доколку е возможно и пониска таксономска категорија. По детерминирањето, пописот на видови ќе биде внесен во вегетациска база TurboVeg  и потоа со дополнителни анализи со програмскиот пакет JUICE, во следната фаза на проектот ќе ја определиме синтаксономската припадност на истражуваните растителни заедници.

Start typing and press Enter to search

Успешно се пријавивте за известувања од весникот на МЕД.

There was an error while trying to send your request. Please try again.

Macedonian Ecological Society will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.