Македонското еколошко друштво поканува луѓе од сите профили, раси и религии заедно да делуваат во полето на промовирање на екологијата како наука; заштитата и на животната средина и природата; ширењето на еколошките знаења; унапредување на еколошкото образование; и промовирање на принципот на одржлив развој.
МЕД со години соработува со волонтери и тие претставуваат еден од најсилните столбови на успехот на организацијата, а нивните достигнувања се гордост на целата организација.

Што е волонтер:
Волонтер е секој кој ќе посвети време и труд работејќи за целите на МЕД на терен, во канцеларија или во нејзината/неговата заедница. Ние сме им благодарни на сите волонтери за личното вложување во исполнувањето на мисијата на МЕД. Нашата заложба е дека на сите волонтери ќе им овозможиме поддршка, надзор и признание за сработеното.

Како да станете волонтер?
Доколку сакате да станете наш волонтер ве покануваме да го прочитате Правилникот за работење со волонтери, да ги разгледате програмите според кои делува МЕД и да нѐ контактирате преку contact@mes.org.mk или да ја посетите нашата канцеларија.

Start typing and press Enter to search