Во неделата на 13 мај го прославивме Светскиот ден на птици преселници! По тој повод МЕД организира едукативни тури за набљудување птици (птичарење) во Градски парк во Скопје. Ова претставуваше одлична можност скопјани да ја запознаат орнитофауната во зеленото градско прибежиште. Интересот беше огромен, а турите беа експресно пополнети. Воедно, учесниците изразија желба вакви тури да се организираат почесто.
Светскиот ден на птиците преселници е иницијатива на Конвенцијата на ОН за зачувување на преселни диви видови, Договорот за зачувување на африканско-евроазиските водни птици и Договорот за птици преселници.

 

 

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате