Првиот Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, беше организиран и одржан во Охрид, од 20-24 септември 1998 година. Пленарните предавања се објавени и отпечатени во Книга на пленарни реферати. Согласно темата и полето на истражување, учесниците преку своите трудови ги прикажаа резултатите и научните достигнувања групирани во 10 работни еколошки секции и тоа:

  1. Терестрични екосистеми,
  2. Акватични екосистеми,
  3. Биодиверзитет, негова заштита, унапредување и рационално искористување,
  4. Агроекологија,
  5. Еколошки мониторинг,
  6. Загадување на животната средина и екотоксикологија,
  7. Екологија на населените места,
  8. Системи и мерки за заштита на животната средина,
  9. Екологија и општеството и местото на институциите во системот и невладините организации,
  10. Еколошко образование и воспитание.

Своето учество на Конгресот го пријавија повеќе од 200 учесници од Југославија, Хрватска, Бугарија и Македонија. Беа презентирани вкупно 177 научни трудови. Од нив, само 97 комплетни трудови беа објавени и испечатени во двата тома на Зборникот на трудови – I Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество.

Од презентираните резултати и покажан интерес од учесниците, очигледно е дека во Македонија и регионот, во дадениот период интензивно се спроведувале еколошки истражувања на екосистемско ниво, но постои и се поголем интерес за причините за загадување на животната средина.

 

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате