Времетраење: 2006 – 2018

Финансиер: MАВА Фондација, Швајцарија

Партнери: ППНЕА – Албанија; ЦЗИП – Црна Гора; ЕРА – Косово; Финч – Косово; ЕуроНатур – Германија; КОРА – Швајцарија

Цел на програмата: Програмата за закрепнување на балканскиот рис повеќе од десет години во континуитет работи на заштита на критично загрозениот балкански рис. Активностите се главно насочени кон: лобирање за прогласување на нови заштитени подрачја, вклучување на локално население во заштита, истражување, едукација и мониторинг на балканскиот рис во југозападен Балкан.

Фаза 4: 2016-2018

Од први август 2016 година оваа програма влезе во својата четврта фаза на имплементација. За разлика од претходните три фази, активностите во новиот проект беа оформени со помош на Отворените стандарди за зачувување на животната средина.

Активности во фаза 4: Активностите се насочени во шест различни стратегии (компоненти): Прогласување на нови заштитени подрачја, ефективност на веќе постоечките заштитени подрачја, законска регулатива значајна за рисот, едукација на локално население, истражување и мониторинг, одржлив лов и борба против криволов.

Лице за контакт: Диме Меловски: melovskid@mes.org.mk; Александар Стојанов: stojanov@mes.org.mk; Ѓорѓе Иванов: ivanov@mes.org.mk

Проектни Активности

Едукативна недела за рисот

Во рамките на Програмата за закрепнување на балканскиот рис тимот на МЕД го започна своето едукативно патување низ Западна Македонија. Едукативната турнеја помина низ селата Вејце и Шипковица на [...]

Одржан прв партнерски состанок во рамки на проектот „Програма за закрепнување на балканскиот рис 4‘‘

Претставници на Програмата за закрепнување на балканскиот рис 4 на 11 март во Призрен, Косово го одржаа првиот партнерски состанок. На оваа средба учествуваа сите партнерски организации од [...]

Обука за ГИС за партнерските организации во БЛРП

Во рамки на Програмата за закрепнување на Балканскиот рис, во периодот 14-16 Декември 2016, беше спроведен интензивен тренинг курс за проектните партнери, за основи на Географските Информациони [...]

Како да го претвориш твојот мобилен телефон во ГПС уред?

Следејќи ја добрата пракса и признавајќи ја важноста на мониторинг мрежата, тимот кој работи на балканскиот рис во МЕД одлучи да организира уште една тренинг работилница со членовите на мрежата. [...]

Состанок на членовите на мониторинг мрежата за заштита на балканскиот рис

Тимот за балканскиот рис на МЕД на 10 јуни  го организираше редовниот годишен состанок на членовите на мониторинг мрежата кој е и последен од третата фаза на Програмата за закрепнување на [...]

Работилница за мониторинг на крупни ѕверови, февруари 2016, Грција

Дводневна работилница за обука за мониторинг на крупни ѕверови беше одржана во Преспа, Грција на 2 и 3 февруари, 2016 година. Работилницата беше организирана од тимот на МЕД кој работи на заштита [...]

Завршен настан на проектот „Заштита и промоција на Блатниот даб – Слоештица“

Во склоп на Програмата за мали грантови која се спроведува како дел од Програмата за закрепнување на балканскиот рис, беше одржан завршен настан на краткорочниот проект “Заштита и промоција на [...]

Проширување на знаењата за балканскиот рис на деца од неколку основни училишта во Националниот парк Маврово

МЕД во соработка со наставниот кадар на основните училишта од Маврови Анови, Ростуше, Требиште и Велебрдо, спроведе едукативни активности поврзани балканскиот рис. Целта на активностите беше да [...]

Работилница за имплементација на проекти

Во склоп на активностите за јакнење на капацитетите на локалните партнерски организации на МЕД од подрачјето на Илинска и Плакенска Планина, беше спроведена еднодневна работилница за [...]

Спроведено 4-то систематско истражување со фото замки во НП Маврово

Годинава, во периодот 15 март – 13 мај 2015, МЕД во соработка со националниот парк „Маврово‘‘ го спроведе 4то систематско истражување со фото замки на територијата на паркот. Главна цел на [...]

страна 1 од 4

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате