Времетраење: 2007 – 2011

Финансиер: Франкфуртското зоолошко друштво (FZS), Германија, Про Натура, Швајцарија

Партнери: Бугарска фондација за биодиверзитет (BBF)

Цел на проектот: идентификација на природните вредности на Осоговските Планини и создавање на услови за ефективно зачувување на биодиверзитетот и одржлива употреба на природните ресурси во регионот на Осоговските Планини преку основање на прекугранично заштитено подрачје со помош на локалните заедници.

Постигнати резултати: Главниот фокус во првата фаза на проектот Осогово (2007 – 2009) беше собирање на основни информации за природните карактеристични особено податоци за биодиверзитетот во регионот и за селекција на клучните подрачја значајни за заштита. Собрани беа информации за климатските, геоморфолошките, хидролошките и други географски податоци. Анализа на шумските заедници од перспектива на шумарскиот сектор. Направена е интегрирана ГИС база на податоци од територијата на Осогово, која ги вклучува генералните географски и тематски дигитални мапи (на пример картирање на живеалишта, подаоци за биодиверзитет, инфраструктура, намена на земјиште и други социо-економски податоци).

Во рамките на социо-економската компонента беше спроведена социо-економско истражување и беа дефинирани потенцијалите за одржлив економски развој. Исто така беа реализирани неколку активности за едукација на населението и јакнење на капацитетите на локалните институции. Спроведени беа бројни обуки за: добра земјоделска пракса, развој на алтернативни форми на туризам, органско производство, заштитени подрачја итн. Спроведени се две студиски патувања во соодветни заштитени подрачја во соседството. Работни состаноци со клучните страни вклучени во процесот за прогласување.

Развиен е предлог за заштитено подрачје- Заштитен предел заедно со клучните страни. Истиот е дискутиран и усогласен во неколку наврати заради обезбедување на услови за економски развој во регионот.

Врз осонова на податоците од теренот и препораките од клучните страни, МЕД изработи „Студија за валоризација со предлог за формирање на Заштитен предел – Осогововски Планини“, која покасно беше доставена до МЖСПП на разгледување, во склоп на проектот „Прекуграничен Биосферен резерват Осогово“, продолжение на овој проект

Лице за контакт: Деспина Китанова, kitanova@mes.org.mk

Проектни Активности

Новинари од Македонија и Бугарија се запознаа со убавините на Осогово

Десетина новинари од Македонија и Бугарија ги запознаваа убавините на Осогово од македонската и бугарската страна на планината во рамки на турата организирана во склоп на проектот „Прекуграничен [...]

Успешен почеток на една нова традиција за промоција на Осогово

„Осогово и лично и различно“ беше слоганот на првиот настан за промоција на Осогово кој се одржа на 6 октомври на Пониква. Во склоп на настанот беа организирани велосипедска и планинарска тура [...]

Магазинот Лице в лице за проектните активности на МЕД во Осогово

На Осогово му треба шанса за поголема заштита бидејќи со години наназад природата во овој крај е под голем притисок од страна на човекот. Постои илегална сеча, криволов, незаконски риболов, а [...]

Зголемен интерес на организациите од Осоговскиот регион за заеднички активности, во идниот Биосферен резерват!

  На 19.06.2013 година, во Хотел Гратче – Кочани, во рамките на проектот „Прекуграничен Биосферен резерват Осогово“, се одржа работилница за развивање на активности за идниот Биосферен [...]

Започнаа истражувања со методот на камера-замки на Осоговските Планини!

Годинава, активностите во рамките на проектот „Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас“, се насочени главно кон аплицирањето за номинација на Осогово како Биосферен Резерват. Покрај овие, [...]

Новости во проектот Осогово!

На 23ти ноември, во Скопје беше одржан состанок на членовите на Координативното тело  во рамките на проектот Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас, на кој беше презентирана предлог [...]

Популаризација на проектот „Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас“ на локално ниво

Македонското еколошко друштво учествуваше на настанот (црковен собир) во Св. „Пантелејмон“,  с. Пантелеј – Кочани. Во атарот на манастирот беше поставен панел за Осогово, каде заинтересираните [...]

Осоговскиот регион презентиран на саем на регионите од југоисточна Европа (ЕКСПО 2012)

Претставници од Македонското еколошко друштво учествуваа на ЕКСПО 2012 – Радовиш, саем на регионите од југоисточна Европа, кој се оддржа во Радовиш,  од  7-9 јули 2012 година. За време на панел [...]

Одржан состанок на Координативното тело за управување со процесот на прогласување на заштитено подрачје на Осогово

На 18.05.2012 година, во Скопје, се оддржа состанок на Координативното тело за управување со процесот на прогласување на заштитено подрачје на Осогово. Целта на состанокот беше да се дефинира [...]

Состанок за потенцијалите и можностите за воспоставување на заштитено подрачје во осоговскиот регион

На 9ти февруари 2012 год. во хотелот „Карпош“ во Скопје со почеток од 10 часот, се одржа состанок на тема: Осогово и потенцијалите и можностите за воспоставување на заштитено подрачје во [...]

страна 1 од 2

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате