Зачлени се

Член на МЕД се станува со пополнување на пристапница и уплаќање на годишната членарина. Уплатата на членарината се врши со банкарски трансфер – уплатница. Членството се продолжува секоја година, со уплаќање на членарината не подоцна од 31ви март во тековната година.

Висината на годишната членарина е 500 денари за лица со лични примања (вработени и пензионери), и 100 денари за лица без примања (ученици, студенти и невработени).

Пополнување на уплатницата:

Примач:
Македонско еколошко друштво

Трансакциска сметка:
300000000278717

Депонент на:
Комерцијална банка АД, Скопје

Цел на дознака:
Уплата на членарина за тековната година

Пополнетата пристапница и фотокопијата од уплатницата испратете ги на адреса на канцеларијата на МЕД: ул. „Владимир Назор“ бр 10 , 1000 Скопје. За нивниот прием и обработка ќе бидете известени преку електронска пошта.

Уплатената членарина овозможува добивање на материјалите кои МЕД ги публикува, учество на годишната средба на членовите на МЕД, како и добивање на информации по електронски пат од областа на екологија и заштита на животната средина.

Пред пополнувањето на пристапницата, Ве молиме да се запознаете со статутот и подстатутните акти на МЕД.