Партнери

Во изминативе 20-тина години МЕД оствари обемна соработка со голем број институции во Македонија, почнувајќи од Министерството за животна средина и просторно планирање, други релевантни министерства, образовни установи, научни институти, па сè до јавните установи на националните паркови и јавното претпријатие „Македонски шуми“, субјектите кои управуваат со другите заштитени подрачја, итн.

Во многу случаи соработката со различни организации и институции ја официјализиравме со потпишување меморандуми за соработка.

Остваривме  и значајна соработка со невладини организации на национално и локално ниво. Од 2011 година, Ние сме дел од работната група за учество на јавноста при донесување на одлуки од областа на животната средина. Оваа група вложува големи напори за спречување на инфраструктурни проекти во Македонија за кои сметаме дека ќе имаат неповратно негативно влијание врз природата.

Ние сме члeнови на:

Европската еколошка федерација овозможува соработка помеѓу Европските еколошки друштва со цел да ја промовира екологијата како наука во Европа.
  Planta Europa  е мрежа на независни организации, невладини и владини, коишто работат здружено кон заштита на раститенијата и габите во Европа.
  CEEweb за биодиверзитет е мрежа на невладини организации во Централна и Источна Европа. Нашата мисија е зачувување на биодиверзитетот преку промоција на одржлив развој.
  BirdLife International е глобално партнерство на еколошки организации кое се стреми кон зачувување на птиците, нивните хабитати и глобалниот биодиверзитет, работејќи со луѓето кон одржливо користење на природните ресурси.
  Европскиот центар за зачувување на природата е независна организација која работи на зачувување и одржливо користење на природата, биодиверзитетот и пејсажите во Европа.
  Меѓународниот Совет за ловство и зачувување на дивиот Советот е политички независнo советодавно тело, чија активност се спроведува на меѓународно ниво, а се залага пред сé, за одржливо ловство, преку размена на знаења, вмрежување, вреднување на традиции и зачувување на природата. Присутен е во повеќе од 80 земји и активен во различни области, како што се зачувување и управување со миграторните птици, крупен дивеч, тропски дивеч, но се занимава и со прашањата поврзани со заштитата на животната средина и промовирање на културното наследство.

Ние сме партнери на:

  Европскиот фонд за природно наследство-EuroNatur  е непрофитна фондација која го поддржува зачувувањето на европското природно наследство на повеќе различни нивоа, преку проекти за заштита на посебни видови, мерки за заштита на локалитети како и активности за политичко лобирање или еколошко образование.
  Норвешкиот институт за истражување на природата (НИНА) е водечка институција во Норвешка за применети еколошки истражувања. НИНА е одговорен за долгорочни стратешки истражувања и овластени применети истражувања за овозможување на имплементација на меѓународни конвенции, системи за поддршка на донесувањето на одлуки и алатки за управување, како и зајакнување на свеста на јавноста и промоција на разрешувањето на конфликти.
  Plantlife е добротворна организација која ги заштитува растенијата. Ние напорно работиме на заштитата на растенијата преку создавање на разбирање за важноста на нивата улога во нашите животи.
  Швајцарската организација за заштита и управување со крупните ѕверови (KORA) планира, управува и координира истражувачки проекти поврзани со екологијата на крупните ѕверови во природата како и современата култура на соживот меѓу луѓето и ѕверовите.