Мисија / Визија

Мисијата на МЕД е да ја унапредува еколошката наука, науката за животната средина и биолошката разновидност и нивната заштита, како и да промовира еколошки оправдано користење на природните ресурси.

Визијата на МЕД е  да ја види Македонија како општество во кое еколошката наука и пракса се на високо ниво, економскиот развој почива на принципите на одржливост, а стандардите за заштита на животната средина и природата се на ниво на Европската Унија

Цели на МЕД:

  • промовирање на екологијата како наука;
  • заштита и унапредување на животната средина и природата;
  • ширење на еколошките знаења и унапредување на еколошкото образование;
  • промовирање на принципот на одржлив развој.