За МЕД

Македонското еколошко друштво (МЕД) претставува еколошка невладина организација. МЕД своите цели и задачи ги остварува преку спроведување на проекти како и организирање научни и стручни собири.

Покрај научно истражувачката дејност, МЕД работи на јакнење на своите капацитети преку обучување на своето членство и создавање на млади научни кадри. Со вклучување на млади еколози, биолози, агрономи, шумари, технолози и други ентузијасти во научно истражувачката работа, и нивно доусовршување преку различни обуки, магистерски и докторски студии во и надвор од државата, МЕД помага кон формирање млади кадри кои во иднина би се справувале со предизвиците на полето на екологијата, заштитата на животната средина и природата.

МЕД издава научни и популарни изданија на полето на екологијата и заштитата на животната средина. Соработува со други организации и членува во бројни домашни и меѓународни здруженија и асоцијации.

Македонското еколошко друштво организира меѓународни собири и конференции во нашата земја поврзани со заштитата на животната средина и тоа во соработка со признаени меѓународни организации и фондации.