Завршено зимското пребројување птици во Македонија за 2018 година

Веќе деветта година по ред, во викендот на 13 и 14 јануари 2018 г., вработени и волонтери од МЕД спроведоа броење на птици на трите природни езера во Македонија, вклучувајќи ги околните акумулации и водните станишта. И покрај остриот студ, ентузијазмот на тимовите кои го спроведоа Зимскиот цензус на водни птици во Македонија го преточија во пријатен потфат во којшто избројани беа по 11.000 птици на Охридското и Преспанското Езеро, односно, 5.500 птици во Дојранското Езеро. Малата бројност на птици избројани на овие локации можно е да е резултат на прилично топлите зимски временски услови.

IWC 2018

Зимскиот цензус на водни птици е најмасовното и најдолготрајно волонтерско пребројување птици во светот, со традиција уште од 1967 година. Предводен од Меѓународната организација за водни станишта (Wetlands International) и во соработка со бројни локални организации, овој настан стана во клучен извор на информации што се од суштинско значење за креирањето политики поврзани со управувањето и заштитата на водни станишта.