Еразмус+ и птиците нè поврзуваат

grupnologoa

Македонското еколошко друштво заедно до пет Европски еколошки организации и Универзитетот од Гданск, Полска го започна проектот „Зголемување на можностите на наставниците и учениците за подобар живот преку природа“ под програмата Еразмус+. Наставници од градинки и основни училишта од Македонија, Полска, Ирска, Чешка, Шпанија и Словачка ќе добијат на располагањесовремени, креативни и релевантни ресурси за настава како и поддршка и обука за да може да спроведат тематска едукативна програма за птиците и природата како дел од нивната постојна програма.

Материјалите кои ќе бидат подготвени во рамките на проектот содржат методологија за предавање, практични насоки и планови за час, истовремено обезбедувајќи им на наставниците интерактивни дигитални технологии за едукација на деца. Меѓународната обука за наставници ќе биде одржана во Ирска во 2018 година и ќе собере на едно место 60 наставници од сите земји партнери на проектот. Едукативните материјали ќе бидат бесплатно достапни за сите заинтересирани наставници заедно со видео обука.

Преку подобрувањето на квалитетот на раната едукација за природа се надеваме дека проектот ќе влијае на идните способности за учење. Исто така, ќе придонесе и за развивањето на свеста на младите ученици за нивното влијание врз животната средина, ќе поттикне почит за природата и луѓето, и ќе ги зајакне нивните способности за критичко размислување. Ваквите способноста учениците ќе можат да ги искористат за решавање на локални и глобални проблеми.

Проектот ќе биде спроведен во партнерство на искусни еколошки организации од мрежата на BirdLife, кои промовираат едукација за животната средина. Покрај Македонското еколошко друштво проектот ги обединува и Полското друштво за заштита на птици, BirdWatch од Ирска, Чешкото, Шпанското и Словачкото орнитолошко друштво, а експертска поддршка обезбедува Универзитетот на Гданск, кој е одговорен за создавање на едукативните материјали.

slika za erazmus

LogosBeneficairesErasmus+RIGHT_MK

Контакт:

Ксенија Путилин

putilin@mes.org.mk