Одржан прв партнерски состанок во рамки на проектот „Програма за закрепнување на балканскиот рис 4‘‘

Претставници на Програмата за закрепнување на балканскиот рис 4 на 11 март во Призрен, Косово го одржаа првиот партнерски состанок. На оваа средба учествуваа сите партнерски организации од регионот коишто работат на заштита на балканскиот рис. На состанокот беа презентирани и дискутирани стратегиите на кои ќе се работи во рамки на проектот, како и резултати од досегашните проектни активности.