14 февруари 2017: историски ден за прекугранична Преспа

Рибари и пеликани на Преспанско ЕзероНевладините организации од областа на животната средина ги повикуваат трите земји и Европската Унија да побрзаат со воспоставувањето на прекуграничниот Преспа парк.

Минатиот вторник, 14 февруари 2017, беше историски ден за грчката политика во областа на животната средина и одржливиот развој. Парламентот со огромно мнозинство го ратификуваше Меѓународниот договор за заштита и одржлив развој на паркот Преспа. Договорот беше потпишан на 2 февруари 2010 година од страна на министрите за животна средина на трите земји и комесарот за животната средина на ЕУ, но Грција го одложуваше ратификувањето во последниве 7 години. Носега договорот е подготвен да стапи во сила и да се спроведе.

Овој развој е клучен момент за Грција бидејќи оваа земја за прв пат оди напред кон официјално воспоставување систем за постојана соработка во прекуграничната област, која има статус на заштита поради својата извонредна биолошка разновидност. Овој случај со Преспа претставува надминување на економската слабост и целокупната несигурност на Грција, и смело градење на иднината на регионот, кој е мал по обем и население, но особено битен. Учеството на ЕУ како одговорна страна за Договорот за Преспа потврдува колку е важен регионот од аспект на заштита на животната средина, од геополитичка и културна гледна точка.

Покрај нејзиното значење за Преспа и Грција, спроведувањето на Спогодбата од 2010 година дефинитивно ќе биде пресвртница и за Југоисточна Европа. Во 2000, Декларацијата за воспоставување на прекуграничен Преспа Парк пренесе порака за мир и соработка меѓу народите во регионот, набргу по периодот на големи немири и војни во 90-тите години. Во денешниот свет на несигурност, интровертност и нови национализми, спроведувањето на Меѓународниот договор за паркот Преспа повторно добива една оптимистичка симболика, негување пријателство и мирен соживот за одржлив просперитет на локалните општества, врз основа на заштитата на животната средина. Уште еднаш се потврдува деказаштитата на животната средина не претставува ограничување, туку можност и начин за одржлив развој; исто така, потврдува дека патот кон напред не е изолација и непријателство, туку премостување на разликите и меѓусебна соработка за доброто на сите.

Овие се зацртаните идеи, исто такана Европскиот зелен појас, во кој се вклучува и Преспа. Фондацијата Еуронатур – како претседател на Европската асоцијација за зелениот појас,му честита на грчкиот Парламент за донесувањето на оваа важна одлука и ги повикува трите крајбрежни земји што го делат Преспа паркот на навремено спроведување на договорот.

Ние, долупотпишаните 5 еколошки организации – МЕД, Еуронатур, КОРА, ППНЕА и СПП, со радост го признаваме овој ден, којшто означува почеток на една нова, позрела фаза во прекуграничната соработка во Преспанскиот басен, чија главна карактеристика се надеваме дека ќе биде воспоставувањето нови официјални, заеднички институции што ќе работат заедно со државните органи, органите на локалната самоуправа, заштитените подрачја и еколошките невладини организации, односно сите значајни чинители што веруваат во ефикасноста на овој модел на локално и прекугранично управување. Ние несомнено се заложуваме за потполна поддршка на овој процес.

За повеќе информации:

Даниела Заец, МЕД (e-mail: zaec@mes.org.mk)

logo