Македонското еколошко друштво, Фондацијата за заштита на мршојадците и Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, организираат семинар „Ветеринари против отровите: тренинг-семинар за токсиколошки и патолошки анализи на веројатно отруени животни“, кој ќе се одржи на 24-ти и 25-ти февруари на Факултетот за ветеринарна медицина, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Предавачи на семинарот ќе бидат двајца истакнати експерти во оваа област од Шпанија: д-р Рафаел Матео Сориа (експерт по токсикологија кај диви видови) и д-р Силвиа Вилаверде Морсиља (експерт по патолошка анатомија кај диви видови). На семинарот ќе учествуваат и дваесетина ветеринари-токсиколози од регионот (Албанија, Бугарија, Србија, Македонија, Грција и Хрватска). Една од главните теми на овој меѓународен семинар е нелегалната употреба на отровите во природата со акцент на состојбата во регионот. Особено значајно е што учесниците ќе се запознаат со законите на ЕУ во однос на разгледување на докази, земање на мостри, конзервирање, анализи и резултати од угинати отруени животни.

Семинарот е финансиран од WWF, Фондацијата за заштита на мршојадците и Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.

Start typing and press Enter to search