Волонтери и поддржувачи на МЕД учествуваа во обуката за Атлас на птици гнездилки која се одржа на 24 април во с.Побожје, Скопска Црна Гора. Целта на обуката е што повеќе луѓе да се запознаат со методологијата за спроведување на Атласот во Македонија, како и да ги подобрат своите способности за препознавање на птици.

Подршка во обуката ни даде и холандскиот амбасадор г-н Ваутер Пломп, кој е искусен набљудувач на птици во Холандија, и активно ги набљудува и евидентира птиците во околина на Скопје.

Start typing and press Enter to search