По повод 2 февруари – Светскиот ден на водните живеалишта, МЕД, СПП и ППНЕА заеднички изработија макета на Преспа. За оваа цел децата од основните училишта во трите земји работеа на комплетирање на секој од трите делови на регионот. Во Македонија активноста се спроведе во Ресен, во ОУ „Гоце Делчев“, каде преку игра децата ги проширија знаењата за водните живеалишта и нивното значење. Учениците на макетата на македонскиот дел на Преспа, претставија како тие го гледаат Рамсарското подрачје во кое што живеат, па така ги обележија селата, влажните ливади, појасите на трска и разновидниот жив свет во зависност од неговото распространување. Нивните врсници во грчкиот и албанскиот дел на Преспа им се придружија во оваа активност и ги претставија истите компоненти на нивните делови на целокупната макета. Се очекува дека трите дела ќе бидат соединети на некој заеднички настан.

Start typing and press Enter to search