По повод четврти октомври, Светскиот ден за заштита на животните, Македонското еколошко друштво во соработка со спелеолошкото истражувачко друштво Урсус Спелеос (www.ursusspeleos.com.mk), одржаа едукативни предавања во Зоолошката градина – Скопје.

Посетителите имаа можност да се запознаат со значењето на пештерите во Македонија, нивните најинтересни жители – лилјаците и со крупните месојадни животни во нашата држава. Дечињата ја пробаат на себе и опремата која ја користат спелеолозите кога ги истражуваат пештерите и се запознаа со главните закани за опстанокот на лилјаците, мечката, волкот, рисот и другите животни.

Start typing and press Enter to search