Еколошки камп за студенти од 24-30 август 2014г. во НП Јабланица-Шебеник во Албанија

Македонско еколошко друштво во рамки на проектот „Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник, преку активна вклученост на локалното население“ организира еколошки летен тренинг камп во Националниот Парк Јабланица-Шебеник во Албанија од 24-30 август 2014 година.

Целта на кампот е учесниците да научат нешто повеќе за одржливото користење на природните ресурси, да се запознаат со природните и културни вредности на Националниот Парк Јабланица-Шебеник и да научат дел од  основните истражувачки методи. Предност при учество ќе имаат студенти по биологија и екологија, членови на еколошки невладини организации и претставници на планинарски друштва од јабланичкиот регион, односто од Општините  Струга и Вевчани.

Се охрабруваат на кампот да се пријават и студенти кои не се од овие општини. Вкупниот број на учесници е ограничен на 30 студенти, од кои 15 од Македонија и 15 од Албанија. Сите трошоци за учесниците ќе бидат покриени од Македонско еколошко друштво. Краен рок за пријавување е 11 Август, 2014 година. Пополни апликација

 Проектот „Подобрување на прекуграничната заштита и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник преку активна вклученост на локалното население“ е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка со Албанија на Европската Унија

Start typing and press Enter to search