Основното истражување беше една од главните активности во почетокот на првата фаза од програмата за закрепнување на балканскиот рис. Знаењето на локалното население не само што ни го зголеми и промени мислењето за дивиот свет во руралните области во Македонија и Албанија, туку, до одредено ниво, ни помогна во подигањето на јавната свест за ова критично загрозено животно. Со цел да бидеме доследни на податоците собрани во двете земји, оваа година го спроведовме Основното истражување и во северните потенцијални области за лоцирање на балканскиот рис, а тоа се Косово и Црна Гора. Невладините организации Finch од Призрен, ERA од Печ, CZIP од Подгорица и државната институција ”National Parks of Montenegro” ќе бидат партнери на следната значајна активност во рамките на овој проект.
Резултатите од Основното истажување ќе помогнат при комплетирање на сликата за статусот за зачувување на балканскиот рис со цел да се направи квалитетна проценка и официјално рисот да се прогласи како загрозено животно, според црвената листа на загрозени животни на IUCN.

Start typing and press Enter to search