Македонското Еколошко Друштво (МЕД) беше дел од Eco Green Festival во Маврово кој се одржа 16-18 август 2013 година. На овој настан МЕД ги презентираше своите проекти со делење на промотивни материјали, постери и книги за заштитените подрачја во Македонија, Шар Планина, Јабланица, Моноспитовско блато, кафеавата мечка и многу други. Сите посетители имаа можност да постават прашања, да се информираат за се што ги интересира и да разговараат со претставниците од друштвото.
Фокусот на презентациите беше ставен на проектот за заштита на Балканскиот рис, кој беше презентиран од страна на претставникот на МЕД Ѓорѓе Иванов (кој воедно е дел од тимот кој работи на проектот за заштита на Балканскиот рис). Во склоп на штандот беа поставени панели со сите детали за рисот, каде тој живее, со што се храни, каков е неговиот статус на Балканот и што можеме сите ние да направиме за да го зачуваме како вид.

Start typing and press Enter to search