Во периодот од 8 до 12 ноември 2011 година, во хотел Оаза, Штип ќе се одржи завршна работилница во рамки на проектот „Крилја преку Балканот“.

Целта на завршната работилница е да се презентираат и промовираат досегашните резултати достигнати во рамките на проектот од сите парнерски организации вклучени во негова реализација, да се одредат понатамошните насоки за работа кон остварување на ефикасна заштита на птиците и природата преку остварување соработка меѓу регионалните организации, Euronatur и BirdLife International.

На работилницата ќе учествуваат претставници од сите осум организации од Балканот, како и BirdLife International и Euronatur (Германија).

Start typing and press Enter to search