Во рамките на програмата за мали грантови, која Македонското еколошко друштво заедно со германската организација ЕУРОНАТУР и организацијата Центар за унапредување на јавниот живот од Тетово, ја спроведуваат на подрачјето на Шар Планина, беа поднесени 47 проект апликации. Од пријавениот број, одбрани беа 20 проекти. Комисијата за оценка на доставените предлог-проекти беше составена од: Др. Александер Битнер (DBU –Германија); Анете Шпангенберг (Еуронатур – Граманија); Мануела фон Аркс (KORA – Швајцарија); Александер Трајче (PPNEA – Албанија) и ЃорѓeИванов (МЕД – Македонија). Сите доставени предлог-проекти беа оценувани согласно следниве критериуми: квалитет на предлог-проектот, социјална и географска опфатност, финансиска оправданост, иновативност на проектот, дали е проектот реално одржлив и дали е проектот наменет за хуманитарни цели. Со големо задоволство комисијата констатираше дека поголемиот број од предлог-проектите се со висок квалитет и во целост ги исполнуваат критериумите за аплицирање.

Start typing and press Enter to search