На објавениот повик за поднесување проектни концепти/проекти за доделување мали грантови на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина заклучно со 30.12.2011 година, пристигнаа вкупно 38 предлог- проекти кои беа доставени за оценка до членовите на комисијата. Сите доставени предлог-проекти беа оценувани согласно следниве критериуми: квалитет на предлог-проектот, остварливост на проектот, одржливост на проектот, влијание врз средината и проценка на финансискиот план. Со големо задоволство комисијата констатираше дека поголемиот број од предлог-проектите се со висок квалитет и во целост ги исполнуваат критериумите за аплицирање.

Комисијата за оценка на доставените предлог-проекти, составена од претставници од ЕуроНатур-Германија и МЕД, се состана на 03.02.2012 година и донесе одлука за финансирање на предлог-проекти, доставени при распишаниот Повик за поднесување на предлог проекти кои се однесуваат на локален одржлив развој на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина. Комисијата изврши рангирање на сите 38 доставени предлози, но поради ограниченоста на финансиските средства, мораше да избере само седум од нив. Преглед на сите пристигнати одобрени и неодобрени прелог проекти е даден во табелата подолу.
Македонското еколошко друштво на сите добитници на финансиски средства им честита за успехот и за добро изработениот предлог-проект, со желба за негово успешно спроведување!
За сите останати, МЕД ги охрабрува да ги поднесат своите предлог-проекти пред друга фондација за финансирање или во евентуалниот втор повик на МЕД во иднина (во моментот не постојат сигурни финансиски извори). МЕД искрено Ви ги нуди своите капацитети на располагање во доизработката и имплементацијата на проектот и останатите Ваши активности. Се надеваме дека и понатаму ќе бидете дел од целокупниот процес за заштита на природата и подобрување на животните услови на луѓето, на просторот на Илинска и Плакенска Планина.

[table]

Реден број; Назив на апликантот; Назив на предлог-проектот; Тема; Оценка на комисија

1; Асоцијација за ревитализација на село „ИЛИ-НИК“ с. Големо Илино, Демир Хисар; Обележување на изворите за вода за пиење на Илинска Планина и патеките кои водат до нив; ТА2; Неодобрен

2; Бошко Трајаноски, с. Козица, општина Другово; Планинска патека-Соколица; ТА2; Неодобрен

3; Бошко Трајаноски, с. Козица, општина Другово; Управување со отпад; /; Неодобрен

4; Ѓоко Силјанов; Практична заштита на биолошката разновидност преку активно учество во локалната заедница; TA1; Неодобрен

5; Ѓоко Силјанов; Заштита и ревитализација на биолошката разновидност со промоција на одржлив туризам на подрачјето на Илинска и Плакенска; TA2; Неодобрен

6; Еколошко друштво „Грашница“-Охрид; Импресии од Илинска и Плакенска Планина; TA2; Oдобрен

7; Еколошко друштво „Грашница“-Охрид; Традиционално знаење за одржливост; TA3; Неодобрен

8; Здружение-Меѓународен центар за уметност и одржлив развој “АРТ ПОИНТ–ГУМНО”, с. Слоештица, Демир Хисар; Илинска и Плакенска Планина-чувари на вашето здравје и благосостојба; TA3; Oдобрен

9; Здружение-Меѓународен центар за уметност и одржлив развој “АРТ ПОИНТ–ГУМНО”, с. Слоештица, Демир Хисар; Ја познавате ли природата на Илинска и Плакенска Планина?; TA1; Неодобрен

10; Здружение-Меѓународен центар за уметност и одржлив развој “АРТ ПОИНТ–ГУМНО”, с. Слоештица, Демир Хисар; Ја заштитуваме Илинска и Плакенска Планина од отпад; /; Неодобрен

11; Здружение за заштита и унапредување на животната средина и алтернативен туризам “ЈАДРАНСКИ СЛИВ”, Охрид; Амбасадори на Илинска и Плакенска Планина; TA2; Неодобрен

12; Здружение за развој на месна заедница село Белица (ЗРБ); Заштита на речното корито на Беличка Река; TA3; Неодобрен

13; Здружение за развој на село Брждани ..Брждани 2010; Чиста околина и заштита на биодиверзитетот; TA1; Неодобрен

14; Здружение за развој на село Брждани ..Брждани 2010; Еколошка санација и уредување на природни извори на вода; TA3; Неодобрен

15; Здружение за развој на село Брждани ..Брждани 2010; Заштита на автохтоната пастрмка SALMO MACEDONIKUS во горниот тек на реката Треска; TA3; Oдобрен

16; Здружение за развој, заштита и унапредување на општесвото  ”ПОЛЕНКА”; Запознавање и промовирање на убавините на Илинска Планина; TA2; Oдобрен

17; Здружение за развој, заштита и унапредување на општесвото  ”ПОЛЕНКА”;  Запознавање и промовирање на убавините на Илинска Планина; TA2; Oдобрен

18; Здружение на граѓани Еколошки клуб “СИДЕРО КАСТРО”-Демир Хисар; Заштита и опстанок на рисот на Илинска Планина; TA1; Неодобрен

19; Здружение на ловци „ДОЛИНА НА МЕЧКИТЕ“-Демир Хисар; Пријатели на Илинска и Плакенска Планина; TA2; Неодобрен

20; Здружение на ловци „ДОЛИНА НА МЕЧКИТЕ“-Демир Хисар; Влијанието на човекот врз растителните заедници и природните живеалишта на дивечот на Илинска и Плакенска Планина; TA1; Неодобрен

21; Извиднички одред „Бран“ (Зелен центар), Охрид; Лековити растенија-Здравјето и животната средина; TA1; Неодобрен

22; Љубители на литература, култура и наука; Монографија од авторите Ванѓелко Лозаноски и Гоце Велјаноски-Белица во природните вредности и со културните споменици и рисот-денес и во приказни; TA2; Неодобрен

23; Љубители на литература, култура и наука; Селата на огранците од Илинска Планина  со природните вредности, културни спооменици и рисот; TA2; Неодобрен

24; Посредување и консалтинг(М и П)–Охрид, МЗ Опеница и Куратица; Промоција на природните вредости на Плакенска Планина делот на Мазатар; TA2; Неодобрен

25; Месна заедница с. Пополжани–општина Другово; Подигање на јавната свест кај локалното население во с.Пополжани, за значењето и вредноста на селскиот извор и неговата околина, се со цел за остварување на предуслови за развивање на селскиот туризам; TA1; Неодобрен

26; Општина Дебарца; Промоција  на Белчишкото блато “Сини Вирој” и развивање  на јавната свест за негова заштита; TA3; Oдобрен

27; Општина Другово; Велосипедско-пешачка патека „Рајска Долина“-Патека на рисот; TA2; Неодобрен

28; Основно училиште „Дебрца“ с.Белчишта; Подигање на јавната свест и едукација за животна средина и природата (за локално население и за туристи); ТА1; Неодобрен

29; ОУ “Григор Прличев„ Охрид; Промоција на Белчишкото Блато како последен стадиум од еволутивниот развој на некогашното природно езеро; ТА1; Oдобрен

30; ОУ “Григор Прличев„ Охрид; Училница на отворено (училница во природа); ТА1; Неодобрен

31; ОУ ”Гоце Делчев” Демир Хисар; Лековитата моќ на Илинска и Плакенската Планина; ТА1; Неодобрен

32; ОУ ”Гоце Делчев” Демир Хисар; Запознавање со разновидниот растителен и животински свет на Илинска и Плакенска Планина; ТА1; Oдобрен

33; Попоски Дамјан; Заштита на речниот рак; ТА3; Неодобрен

34; Пријатели на Демир Хисар; Maпирање и oбeлeжувaњe нa тypиcтичкo-излетничките ремек дeлa нa изворите на Црна Река и Железнец; ТА2; Неодобрен

35; Продуцентска куќа „РАЛИ“ ДООЕЛ-Охрид; Идентификација и презентација на водените ресурси на Илинска и Плакенска Планина; ТА2; Неодобрен

36; Туристичка асоцијација „Билјана“-Охрид; По зелените патеки на Илинска и Плакенска Планина; ТА2; Неодобрен

37; Центар за помош, интегрирање на недоволно развиените и развиените подрачја во граѓанското општество-Кичево;  Одбележување на патеката на движење на балканскиот рис во подрајчето на Илиннска Планина; ТА2; Неодобрен

38; Центар за помош, интегрирање на недоволно развиените и развиените подрачја во граѓанското општество-Кичево; Отстранување на дивите депонии во близина на патеката на движење на балканскиот рис–општина Другово; /; Неодобрен

[/table]

Start typing and press Enter to search