По пет години успешна реализација на проектот „Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас“, овие планини претставуваат доброистражено подрачје со изработена база на податоци за биодиверзитетот и други клучни аспекти преку кои се одредени потенцијалите за воспоставување на заштитено подрачје во регионот.

Со цел разгледување на можностите за воспоставување прекугранично заштитено подрачје на Осоговските Планини како еден од приоритетните региони долж границата помеѓу двете држави, на 16-ти и 17-ти мај 2011 година, во манастирот Св. „Јоаким Осоговски“ – Крива Паланка ќе се одржи Прекуграничен форум за Осоговово организизација на Македонското еколошко друштво (МЕД) и Бугарската фондација за биолошка разновидност (БФБ) од Бугарија, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на РепубликаМакедонија.

Форумот ќе претставува платформа на која ќе има можност да се проследат резултатите и достигнувањата на проектот, заеднички да се разгледаатпотенцијалите на Осогово како заштитено подрачје и да се придонесе кон одржливиот економски развој на регионот.

Start typing and press Enter to search